Категорија...

Изјави

„Политичко силување“ ставено во невистинит контекст

Ниту албанските партии сакаат да ја редефинираат Македонија до непрепознавање, ниту пак тоа можат да го остварат и да сакаат, затоа што за легално редефинирање на Македонија „до непрепознавање“ постојат законски процедури согласно Уставот…

Груевски во стилот: Државата е нападната, ама не ви кажувам од кого!

Груевски не кажува од кого е нападната државата (ако е нападната) и од каде тој како лидер на политичка партија има такви сознанија. Доколку, навистина, располага со такви информации, треба да ѝ соопшти на јавноста кој или кои се тие…

Кој народ ја прави волјата на народот?

Ако се земе како точно дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не одат против волјата на народот, тогаш тој треба да се допрецизира и да каже дека не одат против волјата на 454 илјади граѓани кои гласале за коалицијата на оваа партија, но одат…

Неумесно е да се каже дека барокната зграда на Водовод е евтина!

Директорот на ЈП „Водовод и Канализација“, Александар Атанасов  за телевизија „Телма“  изјави дека новата  управна зграда на пертпријатието не е премногу скапа и дека нема да биде пречекорен износот од десет милиони…

Иванов против сите: Пречките за мандатот сè уште постојат

Не постоеја ниту постојат уставни пречки Иванов да го даде мандатот, откако доби докази дека има парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, оценка на уставни експерти и на домашна и меѓународна политичка сцена

ВМРО-ДПМНЕ поддржува влада на „криминогеното раководство“ на СДСМ?!

Произлегува дека ВМРО-ДПМНЕ нема проблем доколку подржува влада составена од „криминогено раководство“ и чиј премиер би бил „два пати аболициран криминалец“, „уценет“, само за да се спасела државата и нејзината унитарност…

Свештеници на протест: Хушкачките пораки на владиката Агатангел

Целиот настап на владиката Агатангел, во кој и формално искажа повеќе невистини, делува збунувачки, имајќи предвид дека се работи за свештено лице. Неговото излагање е во спротивност со уставните начела кои ја гарантираат секуларноста на…

Суверенитетот можеби е загрозен, ама од Иванов

Ниту Платформата е „странски“ (опасен) документ, ниту е загрозена унитарноста, независноста и сувереноста на РМ. Ова покажува внимателно расчленување на поимите што ги наведува Иванов како образложение зашто не го даде мандатот на…

Каракамишева против Каракамишева – две различни изјави за мандатот за влада

Професорката по уставно право и политички систем Тања Каракамишева – Јовановска, еднаш вели дека „надвор од Уставот е давањето на мандатот да се врзува со други услови“, а една недела подоцна, кажува дека е целосно Уставна  одлуката Иванов…

Со повикување народ на улица не се чува мирот и стабилноста

Изјавата (соопштението) на ВМРО-ДПМНЕ дадена на  средбата со  британскиот министер Алан Данкан, дека ќе направат сè за да го зачуваат мирот и стабилноста, не соодветствува со ставот на лидерот на партијата, Никола Груевски,  …

Функционер не смее да изрази фрапираност од чуварите на јавниот интерес

Изјавата на Зоран Караџовски во врска со новинарите е недооследна, а во врска со привилегираноста на судиите и нивната поделба на подобни и неподобни невистинита

Квалитетот на воздухот се мери долго време пред Трајановски да стане градоначалник на Скопје

Мониторинг станиците за мерење на квалитетот на воздухот се донација на ЕУ и истите се донираат уште од 2002 година. Во централната база на податоци за странска помош на Владата на РМ, може да се види дека првата донација на фиксни…

Ѓорче Петров – Општина со слаб локален економски развој

Иако, крупните проекти во Општина Ѓорче Петров не се реализирани, сепак исполнети се други ветувања кои индиректно придонесуваат кон локалниот економски развој на Општината. Така што оценката на Ацевски, дека во Општина Ѓорче Петров нема…

Наместо за „Титаник“, Јанкуловска со политички квалификативи за СЈО

Секогаш кога на Зоран Заев му треба помош...е целосно непоткрепено тврдење, зашто активностите на СЈО се одвиваат во динамика и план што си ги прави самото СЈО, а покрај тоа, СЈО има ограничен рок до мај-јуни годинава да ги ефектуира…

Зошто кризата би завршила само ако ВМРО-ДПМНЕ формира Влада?

Недоследно е кога работите после толку години жестока криза повторно не се именуваат јасно и прецизно од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како што тоа стои во претпоследниот став од изјавата: „Очигледно некој“(Кој?), „занемарување на волјата на…

Не постои „амандман на Груевски“ за заштита од продажба на природното богатство на Македонија

Не постои законска одредба која го ограничува правото на земање на земја под концесија на странска фирма до 17 см длабочина како што упатува Велиновска. Невистинитоста и нелогичноста на изјавата се поткрепува и со фактот што Владата на РМ…

ГРОМ со спинови го храбри Иванов за нови аболиции

Пренџов од ГРОМ нема право кога вели дека „образложението на СЈО за тоа зошто се откажува од обвинителниот акт е обична `ефтина манипулација` со аргументи кои наводно само тие ги знаат и никој друг во државата“, а изјавата дека „критизерите…

Секој граѓански активизам е и легитимно бавење со политика

Министерот за надворешни работи во Владата на РМ  Никола Попоски, запрашан за притисоците кои, како што вели, ги прави Фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија во поглед на внатрешната политика, за итaлијански печатен медиум ја…