Средствата за дезинфекција на раце не стигнуваат до бубрезите, освен ако не ги пиете!

Фото: pixabay

Во екот на пандемијата со коронавирусот, споделен е статус на социјалната мрежа Фејсбук, во кој што се изразува несогласување со одредени аспекти за тоа како се употребуваат средствата за дезинфекција во училиштата. Во текстот се изнесени субјективни согледувања во кои што нема да навлегуваме, меѓутоа изнесени се и неколку тврдења со фактичка тежина, чија вистинитост ја проверивме од релевантни медицински извори

 

Во екот на пандемијата со коронавирусот, споделен е статус на социјалната мрежа Фејсбук, во кој што се изразува несогласување со одредени аспекти за тоа како се употребуваат средствата за дезинфекција во училиштата. Во текстот се изнесени субјективни согледувања во кои што нема да навлегуваме, меѓутоа изнесени се и неколку тврдења со фактичка тежина, чија вистинитост ја проверивме од релевантни медицински извори.

Невистинито е тврдењето дека составот на дезинфициенсите се апсорбира „преку рацете и стигнува до бубрезите со тоа што ги оптеретува да обработуваат сериозни токсини.“

„Вистиномер“ се обрати до двајца наши медицински стручни лица, Проф. д-р Никола Пановски и професорот на Медицинскиот факултет во Скопје, доктор Нико Беќаровски, кои се децидни дека дезинфекциските средства, воопшто не продираат до бубрезите кога ќе се аплицираат на рацете.

Само со намерно пиење на дезинфекциски средства и тоа во дози над 50 милилитри тие доаѓаат до бубрезите и ги оштетуваат (…) . Дерматит создаваат само во случаите ако некој има преосетливост кон некоја супстанција, што е релативно ретко. За деца до 7 години и 30 милилитри ако се испијат можат да бидат токсични, објаснува доктор Нико Беќаровски, професор на медицинскиот факултет.

Микробиологот професор доктор Никола Пановски, исто така, негира дека информацијата оти дезинфициенсите доаѓаат до бубрезите со апликација на рацете е вистинита.

Не е точно дека доаѓаат до бубрезите преку здрава кожа на рацете. Се согласувам дека составот треба да стои во декларацијата, вели доктор Пановски.

Медицинските експерти со кои контактиравме се согласни дека доколку дезинфекциското средство се испие тоа е отровно, но негираат дека со неговата апликација на здравата кожа на рацете ќе дојде до токсикација на било кои органи во внатрешноста на организмот.

Инаку, сите дезинфекциски средства мора да имаат етикети односно деклараци на нив, за корисникот да знае што употребува, но и поради опасноста некои од супстанците што се користат, да се штетни. Базирано на ова, барањето да постои декларација на препаратот за дезинфекција во постот е комплетно оправдано.

Оттука, постот што го рецензираме, го оценуваме како делумно невистинит, поради тврдењето дека средството за дезинфекција стигнува до бубрезите и ги оштетува. Тоа е дезинформација, освен во случаите кога некој ќе го испие ова средство. Но, точно е дека на сите средства за дезинфекција мора да стои составот.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција