ВМРО-ДПМНЕ: 12 илјади денари за лекување во странство
Ќе ја измениме Одредбата за висината на партиципацијата при лекување во странство, односно ќе овозможиме максималниот износ на висина на учество на осигуреникот да биде 12.000 денари. Преку потпишување на договори со странски болници и соодветни законски и подзаконски измени, ќе ги растовариме македонските осигуреници од партиципацијата која сега изнесува 20% од вредноста на операцијата во странство. Ефектот ќе биде крај на апелите за помош преку медиуми, поради маката на родителите или пациентите да ги обезбедат тие 20%. Носител: Министерството за здравство и ФЗОМ. [Рок: 2015 година]
Образложение:
Според информациите од Владата на Република Македонија, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, од први јануари 2013 година пациентите кои ќе имаат потреба од лекување надвор од земјата тоа ќе можат да го направат со плаќање на најмногу 200 евра за болничко лекување во странство. Александар Ѓорѓиев, потпаролот на Владата, соопшти дека процедурата за стекнување на правото на лекување надвор од земјата останува иста, со тоа што со новите измени пациентите ќе плаќаат личен трошок од најмногу 12.000 денари без разлика колку е вкупната сума за лекување за некои интервенции.
Линкови:
- A1 ON (26.01.2013): Двесте евра за болничко лекување во странство [Пристапено на: 31.02.2013]
- NetPress (26.01.2013): Граѓаните ќе плаќаат само 200 евра за лекување во странство [Пристапено на: 31.02.2013]
- Курир (26.01.2013): За 200 евра Македонци ќе се лекуваат во странство [Пристапено на: 31.02.2013]
- Дневник (26.01.2013): Скапите лекувања во странство ќе чинат најмногу 200 евра [Пристапено на: 31.02.2013]
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар