ВМРО-ДПМНЕ: 24-часовна мобилна контрола на ФЗОМ

На осигурениците во ФЗОМ, ќе им дадеме можност да пријават неправилност и да побараат помош од ФЗОМ, доколку во која било здравствена установа којашто има договор со ФЗОМ и која на пациентите не им се пружа услугата или третманот на којшто имаат право. Осигурениците по повик, ќе можат да се обратат во кое било време на лицето за контакт од ФЗОМ, со цел да биде извршена контрола врз здравствената установа. Со тоа ќе се постигне надминување на дилемите или проблемите што ги имаат осигурениците при добивање на здравствени услуги и итна мобилизација на контролата на лице место на проблемите. Носител: ФЗОМ. [Рок: април 2012 година]

Образложение:

Според изјавата на поранешната директорка на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова дадена на 08.02.2011 година, 24 часовната контрола на ФЗОМ е веќе во функција. Дополнително од достапните информации, мобилната контрола на ФЗОМ своите први контроли ги спровела на 11 март 2011 година на 78 ординации во руралните средини во Македонија.

Ова ветување е спроведено пред изборите во јуни 2011.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција