ВМРО-ДПМНЕ: Едукација за користење на WiFi-пунктовите

За унапредување на степенот и квалитетот на употреба на поставените WiFi-пунктови низ државата, потребно е да се преземат активности за информирање и едуцирање на локалното население кое ги користи. Во таа насока ќе се изработуваат различни информативни материјали: флаери, брошури и водичи за работа на Интернет за да се обучат корисниците за можностите, потенцијалните придобивки и како полесно да извршуваат различни активности на Интернет. Континуирано ќе се организираат обуки на регионално и на локално ниво. Обуките ќе опфатат теми од потенцијален интерес за локалното население, како Интернет-пребарување, користење на владини и комерцијални услуги достапни преку Интернет, купување и плаќање на производи и услуги на Интернет, користење на средства за комуникација (е-пошта, IMS), е-банкарство итн. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 75.000 евра. [Рок: континуирано]

Образложение:

Не постојат информации дека досега се преземени одредени активности во насока на исполнување на ова ветување. [Ажурирано на: 11.04.2013]

Резултат: Неисполнето (сега за сега). Ќе се следи ситуацијата и доколку има промени со ветувањето, ќе се изврши промена на оценката.

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција