ВМРО-ДПМНЕ: ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште

Во завршна фаза се активностите за привлекување на инвеститор за изградба на ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште, кои ќе треба да се изградат во периодот кој следува. Овој проект ќе биде реализиран како заедничко вложување на државната компанија ЕЛЕМ и странски стратешки инвеститор, и со неговата реализација ќе биде намален увозот на електрична енергија и ќе се создадат услови за нејзин извоз. Со тоа ЕЛЕМ ќе стане сериозен играч во регионот на пазарот на електрична енергија, а Македонија важен транспортен коридор за земјите од Балканот. Странскиот инвеститор за овој проект ќе биде избран до крајот на 2011 година, по што ќе се отпочне со активностите за изградба на ХЕ Чебрен, која ќе биде завршена до крајот 2018 година. Се предвидува изградбата на ХЕ Галиште да започне веднаш по завршувањето на изградбата на ХЕ Чебрен. [Рок: избор на странски инвеститор за изградба на ХЕ Чебрен до 2011; изградба на ХЕ Чебрен до 2018; почеток на изградба на ХЕ Галиште 2018]

Образложение:

И покрај тоа што досега беа објавени неколку тендери, заклучно со март 2012 година, се уште не е избран странски инвеститор за изградба на ХЕ Чебрен. [Ажурирано на: 26.03.2012]

Во својот говор пред бизнис заедницата во септември 2012 година, премиерот Никола Груевски потврди дека се уште не е најден странски инвеститор за проектот Чебрен Галиште. [Ажурирано на: 25.09.2012]

Рокот за исполнување на ова ветување е одамна изминат. Изградбата на хидроцентралата Чебрен требаше да започне во 2011 година. Сепак, откако пропаднаа неколку обиди за наоѓање на странски инвеститор, изградбата на оваа хидроцентрала сеуште не е започната, а веќе поминаа 3 години од првично утврдениот рок за отпочнување. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 01.04.2014]

Линкови: 

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција