ВМРО-ДПМНЕ: Институција театар за комедија

Формирање на нова институција театар за комедија, која ќе се специјализира за комедија, кабаре, комедија „stand up“. [Рок: 2011 година]

Образложение:

На иницијатива на Советот за култура, Владата на Македонија на 14 септември 2011 година  донесе одлука за основање на нова Национална установа од областа на културата, Театар-Комедија. Својата прва театарска изведба ќе ја има на 27 март 2012 година.

Театарот за комедија е официјално отворен со премиерата на претставата „Ах, љубов моја.. .турска приказна“ , во режија на Коле Ангеловски, на 27.03.2012 – Светскиот ден на театарот,  на сцената на Драмски театар во Скопје.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција