ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на Археолошки музеј

Со изградбата на новиот Археолошки музеј ќе се подобри инфраструктурата на овој сегмент од културата, со што по повеќе од 30 години ќе се создадат услови за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство како директна потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на овие простори. Во овој музеј ќе бидат претставени низа значајни археолошки предмети од различни периоди кои ќе го потврдат фактот дека на оваа почва има повеќе културни слоеви. Овој проект го реализира Службата за општи и заеднички работи, а Управата за заштита на културното наследство е задолжена за ентериерното уредување на Археолошкиот музеј. Носител: НУ Археолошки музеј – Скопје. [Рок: прва половина на 2012 година]

Образложение:

Во дадениот рок, Археолошкиот музеј се уште се нема вселено во новите простории. Изградбата на објектот каде што треба да се наоѓа музејот е се уште во тек.

Според Паско Кузман (изјава дадена на 15.09.2012), првиот човек на Управата за заштита на културното наследство на РМ, целосната изградба на музејот треба да заврши до средината на наредната година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција