ВМРО-ДПМНЕ: Кредити за земјоделски инвестиции

Ја продолжуваме политиката на поволно рурално кредитирање со обезбедување на дополнително подобрени услови за кредитите обезбедени преку Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд: Кредитите што се достапни преку комерцијалните банки за сите видови инвестиции во примарното земјоделство (купување на земјиште, градби за земјоделска намена, машини и опрема, живи животни и др.) ќе можат да се користат со најниски годишни каматни стапки од 3%, како и за сите видови инвестиции во преработувачката индустрија и трговијата (извоз) со годишни каматни стапки од 4%, што претставува намалени каматни стапки за 1 процентен поен во однос на сегашните. [Рок: 2011-2015]

Образложение:

Каматите на кредитите што се достапни преку комерцијалните банки сеуште изнесуваат 4% за примарното земјоделство и 5% за сите видови инвестиции во преработувачката индустрија и трговијата, што значи дека сеуште нема намалување на каматната стапка кај овие кредити. [Ажурирано на: 19.04.2012]

Заклучно со март 2013 година, каматите на кредитите што се достапни преку комерцијалните банки сеуште не се намалени и изнесуваат 4% за примарното земјоделство и 5% за сите видови инвестиции во преработувачката индустрија и трговијата. [Ажурирано на: 10.04.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, поглавјето „ Друга финасиска поддршка на земјоделството“, е наведено:

Преку ЗКДФ во период од 2011 до 2014 година се одобрени 899 барања и вкупно се пласирани 22,5 милиони евра кредити за развој на земјоделството по поволни субвенционирани услови, со што се обезбедени нови 505 вработувања. Годишната каматна стапка е намалена за по еден процентен поен на 3% за инвестиции во примарното земјоделство, и на 4% за сите видови инвестиции во преработувачката индустрија и трговијата. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Во јули 2012 година со докапитализација на Македонска банка за поддршка на развојот – МБПР, обезбедени се евтини кредити за малите и средните претпријатија кои откупуваат, преработуваат и извезуваат земјоделски производи. Компаниите можат да аплицираат директно во МБПР, без посредство на деловните банки, а каматата изнесува 3%.  Максималниот износ на еден кредит е 300 илјади евра. [Ажурирано на: 09.04.2014]

На 12 јануари 2013 година Владата  им овозможи на земјоделските производители поволна кредитна линија преку Македонската банка за поддршка на развојот. Кредитите се со каматна стапка од 3 проценти, а износот на средствата до 300 илјади евра. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Имајќи го предвид сето ова може да се каже дека ветувањето : „Кредити за земјоделски инвестиции “,  е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција