ВМРО-ДПМНЕ: Осигурување на кредити за подготовка на извоз

Осигурувањето на кредити за подготовка на извоз ќе го користат деловните банки кога клиентот-извозник поради недостаток на обртен капитал за подготовка на извозот има потреба од финансии, а истовременоо не е во можност да понуди вообичаен колатерал прифатлив за деловните банки. Предмет на осигурување на овој иструмент се побарувањата на деловните банки врз основа на главница и договорна камата.
МБПР со осигурувањето на кредитите за подготовка на извоз ќе ги покрие следните ризици на деловните банки при кредитирање на извозниците: неплаќање на обврската врз основа на договорот за кредит од страна на извозникот;неплаќање на обврската од страна на извозникот заради стечај или неликвидност (комерцијален ризик). Со користење на овој иструмент, деловните банки можат да осигураат најмногу до 80% од вкупниот износ на главницата и договорната камата. Наменското користење на кредитните средства ќе го следи деловната банка. [Рок: јуни 2012 година]

Образложение:

Македонска Банка за поддршка и развој,  овозможува кога клиентот извозник нема доволно средства потребни за подготовка на извозот да добие осигурување на кредит од страна на деловните банки. Корисници на овој кредит можат да бидат трговски друштва кои се регистрирани во Р. Македонија.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

1 Реакција
  1. Конан Варваринот :

    ИСПОЛНЕТО !
    СЕ ШТО МУ БЕШЕ ВЕТЕНО,А И ТОА ШТО НЕ БЕШЕ ВЕТЕНО ИМ СЕ ДАДЕ НА АРНАУТИТЕ! БРАВО ПРЕМИЕРЕ И БРАВО МАКЕДОНСКИ ДЕЛУ ОД ВЛАСТА.ЕВЕ ВИ НАААА ШТО ПОВТОРНО ЌЕ ГЛАСАМ ЗА ВАС,НИТИ НЕКОЈ ОД МОИТЕ БЛИСКИ.РАСТЕТЕ СИ ЈА ШЌИПОНИЈА.
    КАЈ НАС НЕМА ТОЛКУ ПЕСОК,КАДЕ ЈА ПИКАТЕ ГЛАВАТА ОД СТРАВ?