ВМРО-ДПМНЕ: Подготовка на изградба на нов Клинички центар во Бардовци

Ќе продолжат активностите за  подготовка на изградба на нов Клинички центар во Бардовци врз основа на направените анализи и студија, ќе се подготвува пристапна инфраструктура, решавање на имотно-правните односи, проектна документација и финансиска конструкција. [Рок: Реализација на дислоцирањето во нов Клинички центар до 2021 година]

Образложение:

Според изјавата на премиерот Никола Груевски, замислата за дислокација на Клиничкиот центар во населеното место Бардовци ќе чека подобри времиња, поради потребата од големи инвестиции во изградба на потребната инфраструктура:

Таа локација за една подалечна иднина останува, постепено ќе се работи на неа, но за блиска иднина, за наредните 10 – тина или повеќе години, тука ќе се изгради еден функционален објект кој ќе биде модерно опремен.

Клинички центар

Рокот за дислокација на клиничкиот центар даден во предизборната кампања е 2021 година, но изјавата на премиерот, јасно ја отфрла можноста за завршување на овој проект во предвидениот рок.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција