ВМРО-ДПМНЕ: Донесување на закон за млади
Постојната законска регулатива во многу мала мера ги третира прашањето, положбата и улогата на младите во Република Македонија. Со имплементација на овој проект ќе се регулира и ќе се унапреди статусот на младите и начинот на младинско организирање, со што во значителна мера ќе се влијае кон подобрување на животот на младите во Република Македонија. Овој закон ќе придонесе за остварување на следниве цели: креирање и спроведување на политика на млади на сите нивоа преку повеќесекторски пристап, поаѓајќи од потребите и интересите на младите; поддршка и унапредување на младинското организирање; утврдување на мерки и препораки поврзани со младите и со младинските активности; зајакнување и учество во јавниот живот на младите и нивно информирање на сите нивоа; зајакнување на волонтерството, младинските активности и младинските работи и недискриминација, солидарност и етика во сите активности кои се однесуваат на младите.Носител на проектот е Министерството за правда. [Рок: Декември 2011 година]
Образложение:
Ветувањето не е исполнето во дадениот рок, поради тоа што се уште не е постигнат консензус помеѓу поднесувачите на законот и младинските организации за прашања кои се од значителен интерес за функционирањето на истите.
Предлог-законот е повлечен од собраниска процедура.
Линкови:
- Во одбрана на учеството (23.12.2011): Младите ќе ја започнат 2012 со суштински дебати за законот за млади [Пристапено на: 18.09.2012]
- Press24 (28.07.2011): МОФ со забелешки за Законот за млади [Пристапено на: 18.09.2012]
- Нова Македонија (31.10.2011): Младите протестираа против законот за млади [Пристапено на: 18.09.2012]
- СЕГА (27.10.2011): Неопходно враќање на Законот за млади [Пристапено на: 18.09.2012]
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар