ВМРО-ДПМНЕ: Интегрирано управување со водите

Ќе го започнеме процесот на интегрирано управување со водите во согласност со принципот на интегрирано управување на ниво на речни сливови во Република Македонија; [Рок: 2014 година]

Образложение:

Информација за постоење на едно тело кое интегрирано би управувало со сите води во Р.Македонија нема. Потврда за тоа има и во Отчетот за сработеното на Владата на Р. Македонија, каде што не е наведена реализацијата на ова ветување.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција