ВМРО-ДПМНЕ: Канализациската мрежа и пречистителната станица за отпадни води во Скопје
Ќе подготвиме основен проект за дел од канализациската мрежа и идеен проект за пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Ведност – 3.5 мил. евра (преку ИПА финансирање – 85% ИПА-средства и 15 % до-машно учество); [Рок: 2014 година]
Образложение:
Според информациите достапни во Отчетот на Владата на Р. Македонија, проектните задачи за основен проект треба да се финансираат од ЕУ – ИПА. Дел од канализациската мрежа и идеен проект за пречистителната станица за отпадни води во Скопје се изработени, по што ќе следи изработка на основен проект со поддршка од меѓународни донатори. Иако рокот за ова ветување е 2014 година, се уште не е започната изградбата на станицата и на канализациската мрежа.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Отчет на Влада на РМ предводена од ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери страна 253 [Пристапено на: 14.04.2014]
- Скопје се спасува од прекумерно загадување [Пристапено на: 14.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар