ВМРО-ДПМНЕ: Катастар на заштитени подрачја и Регистар на природно наследство
Ќе воспоставиме целосна евиденција на заштитата на природата преку воведување на Катастар на заштитени подрачја и Регистар на природно наследство. [Рок: 2015 година]
Образложение:
Информации дека овој Катастар како и Регистар на природно наследство е формиран нема. Според Отчетот за сработеното на Владата на Р. Македонија, донесен е Правилник за евиденција за заштита на природата. Правилникот ги вклучува катастарот на заштитени подрачја и Регистарот на природното наследство.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
Отчет на Влада на РМ предводена од ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери [Пристапено на: 14.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар