ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Криволак“

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година ќе почне со реализација на проектот „Криволак“, од аспект на производство на екохрана и енергија од соларни централи во корелација со обезбедување на вода за наводнување (со продолжување на системот Тиквеш или со проект за бунари во алувионите на реката Вардар). [Рок: континуирано до крајот на мандатот]

Образложение:

Изградени се различни предвидени содржини на полигонот Криволак, со што значително се подобрија условите за негова употреба од страна на АРМ, како и од други армии. Инвестирано е и во центарот за сместување Пепелиште, кој е во рамки на полигонот Криволак.

Што се однесува на производство на еко храна и енергија од соларни централи во корелација со обезбедување на вода за наводнување  нема информации за реализација на истите.

 Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција