ВМРО-ДПМНЕ: План за управување на заштитеното подрачје Алшар

Ќе донесеме План за управување на заштитеното подрачје Алшар и ќе го ромовираме Алшар помеѓу научниците надвор од државата. [Рок: 2013 година]

Образложение:

И покрај тоа што рокот за ова ветување е 2013 година, се уште не е донесен планот за управување со заштитеното подрачје Алшар. Потврда за тоа има и во Отчетот за сработеното на Владата на Р. Македонија, каде што воопшто не се споменува ова ветување во делот на остварени или во делот на проекти кои се во тек.

По пребарување на темата на ветувањето, не се најдени никакви информации. Ова ветување не е спомнато ни во Отчетот и поради тоа се оценува како неисполнето.

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција