ВМРО-ДПМНЕ: Реорганизација на јавните комунални претпријатија
Ќе подготвиме проект за реорганизација на јавните комунални претпријатија во Република Македонија со цел одвојување на комуналните услуги за вода во посебни претпријатија. Вредност – 2 мил. евра (преку ИПА-финансирање – 85% ИПА-средства и 15% домашно учество). [Рок: 2014 година]
Образложение:
Со цел остварување на ова ветување, во изминатиот период во ЈП “Комунална хигиена” беа донесени 6 нови камиони.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
ПРОМОВИРАНИ ШЕСТ НОВИ КАМИОНИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ [Пристапено на 14.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар