ВМРО-ДПМНЕ: Системи за собирање, третман и за рециклирање на отпад

Ќе воспоставиме системи за собирање, третман и за рециклирање на отпадот од пакување, батерии и акумулатори и отпадна електрична и електронска опрема [Рок: 2012 година]

Образложение:

Според информациите добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Законот за управување со пакување и одпад од пакување, воспоставувањето на системот за враќање, селектирање, собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на отпадот од пакување е во напредна фаза и истиот се очекува да се развива согласно очекуваната динамика. Досега се регистрирани 4 колективни постапувачи за отпад од пакување.

Со Законот за управување со батерии и отпадни батерии и акумулатори се распишани услови за воспоставување на системот. Во моментов се лиценцирани два колективни постапувачи за отпадни батерии и акумулатори. Воспоставувањето на овој систем е во почетка фаза, но се развива согласно очекуваната динамика.

Додека пак Законот за управување со одпадот со електрична и електронска опрема започнал да се применува од 01.01.2013 година, но системот се уште не е воспоставен.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција