ВМРО-ДПМНЕ: Центри за повик на Итна медицинска помош на целата територија на РМ

Ќе формираме Центри за повик на Итна медицинска помош на целата територија на Република Македонија, со што ќе се обезбеди ефикасност и достапност на Итната медицинска помош на сите граѓани во Република Македонија. Ќе се подобри следењето и поефикасното искористување на возилата за ИМП преку вградување на ГПС-апарати и поврзување на диспечерските центри со централен системски софтвер. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Април 2013 година]

Образложение:

Во текот на 2012 година беа набавени нови возила за итна медицинска помош. Што се однесува на делот од ветувањето посветен на поефикасното искористување на возилата за ИМП преку вградување на ГПС-апарати и поврзување на диспечерските центри со централен системски софтвер, и покрај тоа што рокот за реализација е април 2013 година, се уште не се реализирани.

Линкови: 

Набавени 70 нови возила за итната медицинска помош [Пристапено на 14.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција