ВМРО-ДПМНЕ: Црвената листа на диви видови и Црвената книга на засегнати диви видови

Ќе ја усвоиме Црвената листа на диви видови и Црвената книга на засегнати диви видови. Вредност – 300.000,00 евра. [Рок: 2013 година]

Образложение:

Информации за реализација на ова ветување се шуте нема. Тоа што може да се заклучи од достапните информации во Отчетот за работеното на Владата на Р. Македонија, е дека тоа што до сега е направено за остварување на ова ветување е отпочната постапка за изработката на проектна задача за Црвената листа на диви видови и Црвената книга на засегнати диви видови. И покрај тоа што рокот за ова ветување е 2013 година, истото се уште не е реализирано.

Линкови:

Отчет на Влада на РМ предводена од ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери, страна 253 [Пристапено на: 13.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција