ВМРО-ДПМНЕ: Зајакнување на капацитетите на централната и локалната власт

Доследно ќе ги почитуваме и ќе ги спроведуваме постапките за оцена на влијанието врз животната средина преку зајакнување на капацитетите на централната и локалната власт. [Рок: Континуирано до крајот на мандатот (2015 година)]

Образложение:

Во извештајот на Европската Комисија за Република Македонија за 2012 година, бил забележан значаен напредок во усогласувањето на законодавството со европското во сите области во животната средина, но недоволно инвестиции на ова поле и потребата од зајакнување на административните капацитети на национално и локално ниво. [Ажурирано на: 18.04.2013]

Во декември 2011 година во Скопје се одржа првата Национална коференција за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина [Ажурирано на: 10.04.2014]

Во фервуари 2013 година е претставен  проектот „Зајакнување на капацитетите за имплементација на ЕУ Директивата за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори“ [Ажурирано на: 10.04.2014]

Во декември 2013 година министерот за животна средина Абдулаќим Адеми изјави дека со финансиската помош од програмите ФАРЕ, КАРДС и ИПА, Министерството,подготвило 11 подзаконски акти во областа, воспоставен е модерен Државен автоматски мониторинг систем за воздух, а за подобрување на транспарентноста  има  веб-портал за воздух. [Ажурирано на: 10.04.2014]

На  девети јануари 2014 во Охрид е презентиран Извештајот  за стратешка оцена на  влијанието на туристичката равојна зона Љубаниште 1 врз животната средина [Ажурирано на: 10.04.2014]

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Животна средина и просторно планирање“, за  спроведувањето на постапки за оцена на влијанието врз животната средина е наведено:

Транспарентно преку вклученост на јавноста ги спроведуваме сите постапки за оцена на влијанието врз животната средина, а континуирано ги зајакнуваме и капацитетите на централната и локалните власти. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Имајќи го предвид сето ова може да се каже дека ветувањето „Зајакнување на капацитетите на централната и локалната власт“ е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција