ВМРО-ДПМНЕ: Зголемен фонд на часови по математика во гимназиско образование
Во гимназиското образование ќе се зголеми неделниот фонд на изучување на математиката во првите две години, а во средните стручни училишта наставниот предмет Математика ќе стане задолжителен во првите години за ситеструки, а во трета и четврта година ќе биде изборен со зголемен фонд часови за струките што водат кон техничките и природните науки. За оваа намена ќе бидат обезбедени 2,5 милиони денари. Носител: Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието. Вкупен буџет: 5,5 милиони денари. [Рок: септември 2014 година]
Образложение:
Според информациите од Министерот за образование Спиро Ристовски, од учебната 2014-2015 година предметот Математика ќе биде трет задолжителен екстерен предмет за гимназијалците, додека пак од учебната 2015-2016 тој ќе стане задолжителен екстерен предмет и за матурантите од средните стручни училишта. И покрај укажувањето на потребата од зголемување на фондот на часови по математика во гимназиското образование, од Бирото за развој на образованието информираат дека допрва треба да се почне со формирање на нови акциски планови и промена на наставните програми со цел да се вметнат дополнителни часови по математика кои ќе им помогнат на учениците полесно да ја совладаат материјата…
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Ќе се менува моделот на полагање државна матура- Математиката ќе стане задолжителен екстерен предмет
- Ќе се смислуваат нови методи како да се упрости математиката
- Математиката не е бауч, треба да се вежба
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар