ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на инвестициите во животната средина
Ќе работиме на зголемување на инвестициите во животната средина согласно со Националната стратегија за инвестиции во животната средина. [Рок: континуирано до крајот на мандатот (2015 година)]
Образложение:
До крајот на 2011 година, Министерството за животна средина и просторно планирање имплементирало низа проекти, мерки и активности во насока на подобрување на квалитетот на животната средина. Превземените мерки и активности се претставени од страна на Министерот за животна средина и просторно планирање во неговото Експозе за 100 дена Влада.
Во извештајот на Европската Комисија за Република Македонија за 2012 година, бил забележан значаен напредок во усогласувањето на законодавството со европското во сите области во животната средина но недоволно инвестиции на ова поле и потребата од зајакнување на административните капацитети на национално и локално ниво. [Ажурирано на: 18.04.2013]
Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Животна средина и просторно планирање“, за проектот „Инвестиции во животна средина“, е наведено:
Континуирано ја спроведуваме Програма за инвестирање во животната средина преку која во периодот 2011-2014 инвестиравме над 180 милиони денари во проекти, а преку Програмата за води за периодот 2011-2014 инвестиравме во инфраструктурни проекти над 90 милиони денари. [Ажурирано на: 10.04.2014]
Со оглед на тоа што заклучно со април 2014 нема информации за конкретни инвестиции за унапредување на животната средина, сепак, ова ветување е делумно исполнето.
Линкови:
- МЖСПП: Експозе за 100 дена Влада – Абдилаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање [Пристапено на: 18.04.2013]
- Сител (18.12.2012): Адеми: ЕК забележа недоволно инвестиции во животната средина [Пристапено на: 18.04.2013]
- Отчет 2011-2014: Здравство и здрава нација [Пристапено на: 10.04.2014]
- Сител (18.12.2012): Адеми: ЕК забележа недоволно инвестиции во животната средина [Пристапено на: 10.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар