ВМРО-ДПМНЕ: Проширување на дипломатската мрежа
Поаѓајќи од потребата за интензивирање на билатералната економска и политичка соработка со поважните меѓународни актери, Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2011-2015 година, согласно со финансиските можности, ќе ги разгледа опциите дополнително да ја прошири дипломатската мрежа со амбасади во Токио (Јапонија), Бразилија (Бразил), Астана (Казахстан), како и конзулат во Перт (Австралија). [Рок: 2011 – 2015]
Образложение:
Според информациите од министерството за надворешни работи, досега не се отворени нови амбасади во Токио, Бразилија, Астана, како и конзулат во Перт. [Ажурирано на: 11.04.2013]
Линкови:
- Министерство за надворешни работи: Претставништва на РМ во странство. [Пристапено на: 11.04.2013]
Резултат: Неисполнето (сега за сега). Ќе се следи ситуацијата и доколку има промени со ветувањето, ќе се изврши промена на оценката.
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар