ВМРО-ДПМНЕ: Реновирање на здравствените домови
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во реконструкција и санација на централните објекти на 34 здравственидомови, од кои најголем број се постари од 50 години. При тоа ќе се користат градежни материјали и технологија, која соодветствува со современите функционални потреби и енергетска ефикасност. Носител: Министерството за здравство. [Рок: 2015 година]
Образложение:
Од 2011 година во Македонија се реконструирани повеќе здравствени домови. Здравствените домови во Штип, Прилеп, Пехчево, Ресен, Крушево и Скопје се само дел од здравствените домови за кои се одвоени средства од буџетот за нивно реновирање. Според отчетот на Владата во тек се уште неколку поголеми проекти за реконструкција.
Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.
Линкови:
- Инвестиција од 15 милиони денари во Здравствениот дом во Прилеп
- Здравствениот дом во Ресен во 2012 год со повеќе инвестиции
- Реновиран здравствениот дом во Прехчево
- Министерот за здравство во посета на Крушево и Демир Хисар
- 2,5 милијони евра за реконструкција на Психијатриската болница во Бардовци
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар