ВМРО-ДПМНЕ: Систем за управување на документи
Развивање на интегриран е-Владин систем за управување со документи преку кој ќе се овозможи процесирањето на документи да биде 100% електронско. Системот ќе биде позициониран како е-владин р’бет, кој ќе ги вклучи сите релевантни институции. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 1,6 милиони евра. [Рок: декември 2012]
Образложение:
Овој проект е започнат во 2009 година. Според достапните информации овој систем е планирано да се набави во 2009 година и иако проектот бил одобрен, не постоеле можности за негово финансиско покривање во рамки на буџетските средства поради што е потребно изнаоѓање средства за негова побрза реализација. [Ажурирано на: 28.02.2012]
Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежната институција, а тоа е Министерството за информатичко општество и администрација. Од таму ни беше одговорено дека ваков електронски систем за управување со документи е воспоставен и овозможен за сите 15 министерства, 4 секретаријати, како и Службата за општи и заеднички работи при Владата на РМ. Според тоа, ова предизборно ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 03.03.2013]
Линкови:
- Министерство за информатичко општество и администрација (14.10.2009). Систем за управување со документи во сите министерства. [Пристапено на: 28.02.2012]
- Министерство за информатичко општество и администрација (14.10.2009). Систем за управување со документи во сите министерства. [Пристапено на: 28.02.2012]
- Идивиди (06.07.2009). Автоматизација на државната администрација преку интегриран електронски систем за управување со документи. [Пристапено на: 28.02.2012]
- Министерство за информатичко општество и администрација (јануари 2012). Стратешки план на МИОА за 2012-2014. [Пристапено на: 28.02.2012]
- Министерство за информатичко општество и администрација (14.10.2009). Стратегија за е-Влада 2010-2012. [Пристапено на: 28.02.2012]
- Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за информатичко општество и администрација (пдф)
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар