ВМРО-ДПМНЕ: Станови за децата без родители

Во периодот 2011-2015 ќе продолжиме со континуирано решавање на станбеното прашање и ќе доделиме нови 120 куќи или станови за децата излезени од Дом за деца без родители. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

На трети август 2012 година министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски изјави:

„Како Влада обезбедивме 101 стан за децата без родители и им го решаваме станбеното прашање.“

На 10 октомври 2012 година Владата донесе Одлука сите деца без родителска грижа кои се или биле институционално згрижени во домовите за деца без родители и на никаков начин го немаат решено станбеното прашање по нивното напуштање, да добијат стан од државата.

На 22 октомври 2012 директорот на  Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов соопшти дека до 2015 година, вкупно 186 деца со завршено средно образование ќе излезат од домовите за деца без родители и  за секое од нив, во неколку градови низ Македонија е обезбедено доделување на стан.

На 29 ноември 2012 година министерот за финансии Зоран Ставрески изјави:

„За следната година (2013) се планира да бидат изградени 64 станови наменети за децата без родители“.

На 21 ноември 2013 година министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Миле Јанакиески и Диме Спасов, соопштија дека целосно опремени станови ќе добијат 40 деца без родители и родителска грижа кои биле во домови до 18-тата година од животот.

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Македонија земја на еднакви можности “, е наведено:

На лицата, кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, им се овозможи решавање на станбеното прашање со донесување на Одлука за распределба на социјални станови. Ова право го оставриле вкупно 134 деца.

Имајќи го сето ова предвид може да се каже дека ветувањето:„ Станови за децата без родители“  е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција