ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Стоп на грешките во медицинската практика“

Ќе формираме ново Тело за медицински надзор и Национален систем за известување. Телото ќе биде составено од четирите релевантни институции во здравството: Лекарската комора, Фармацевтската комора, Министерството за здравство и ФЗОМ. Телото за медицински надзор ќе има надлежности не само врз работењето на медицинските лица, туку и врз здравствените институции без разлика дали се од јавен или од приватен карактер. Телото за медицински надзор ќе има ингеренции во проверка на квалитетот на набавениот медицински потрошен материјал, како и врз сите други пријави поднесени преку Националниот систем за известување од страна на медицинските лица. Ваквиот систем ќе ги намали манипулациите со пациентите од страна на лекарите, ортопедските и фармацевтските куќи. Телото за медицински надзор преку националниот систем за известување ќе овозможи заштита на пациентите од грешки во медицинската практика предизвикани од употреба на несоодветни лекови и медицински материјали. Носител: Министерството за здравство во соработка со ФЗОМ и Лекарската комора. [Рок: Декември 2011 година]

Образложение:

По направеното истражување не се пронајдени информации за исполнување на ветувањето, а рокот е поминат.

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција