ДУИ: Реконструкција на старата скопска чаршија

„Реконструкција на старата скопска чаршија“ [Рок: 2015]Образложение:

Донесена е петтогодишна програма која опфаќа четири стратешки развојни подрачја – занаети, одржлив туризам, култура и угостителство и трговија.  Приоритети се кохезија на чаршијата со градот Скопје, институционално јакнење, нови извори на финансирање, јавно-приватно партнерство за услужните дејности, подигање на свеста на граѓаните за значењето на Чаршијата.

Законот за Старата чаршија е донесен во 2008 година, со кој се уредуваат клучните прашања за практичните аспекти на заштитата на таа споменична целина како конгломерат на култури и профани и сакрални објекти од средниот век и составен и незаменлив дел на модерно Скопје.

Проектот е во фаза на изведување.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција