Двата влеза во Струга со нов лик
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во изборната кампања во октомври 2017 година вети уредување на влезовите во градот. Ова изборно ветување на градоначалникот Мерко е исполнето, двата влеза во Струга сега имаат нов изглед.