ВМРО-ДПМНЕ: Одржувањето и со надградувањето на проектот за снабдување со бунарска вода

Ќе продолжиме со одржувањето и со надградувањето на проектот за снабдување со бунарска вода на Дојранско Езеро. Имено, покрај постојните 10 бунари кај Ѓавато, изградивме уште 10 нови бунари кај локалитетот Долна Ада, со капацитет од 900л/с, кои ќе бидат основа за поврзување на целовит систем Ѓавато – Паљурци –Дојранско Езеро, со што дел од водата ќе го полни Дојранско Езеро, а дел ќе служи за наводнување на земјоделски површини во атарите на Богданци, Стојаково и Паљурци. Рок: октомври 2013, вредност – 4 милиони евра; [Рок: 2014 година]

Образложение:

Информации за реализација на овој проект нема. Според Отчетот на Владата на Р. Македонија, во тек се активности за надградувањето на проектот за снабдување со бунарска вода во Дојранско Езеро. Но  ревитализацијата  на 5 потопни пумпи преку кои ќе се овозможи дел од водата да се користи и за наводнување на земјоделски површини во атарите на Богданци, Стојаково и Паљурци, се очекува да се реализираат до крајот на  2014 година.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

Отчет на Влада на РМ предводена од ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери страна 254  [Пристапено на: 14.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција