Рецензија: Балканот под ударот на Chemtrails – не прскаат како комарци, а сите медиуми молчат…

„Многумина веруваат дека се работи за интензивно "запрашување" на населението на оваа планета од воздух со биолошки отрови од страна на тајни организации кои се сопственици на политички, па дури и воени институции. Chemtrails-те се…

Не е точно дека секој втор е отруен со сарин

Саринот кој се споменува во објавата е исклучително токсично, органофосфорно соединение без мирис. Се користи како хемиско оружје поради неговата екстремна моќ како нервен агенс. Доколку авионите навистина прскаат со сарин, огромен дел од…

Ниту НАТО е терористичка организација, ниту нè труе

НАТО не е терористичка организација, како што тоа се сака да се прикаже.туку организација која се бори против тероризмот, којшто е директна закана за безбедноста на граѓаните на сите НАТО членки и на меѓународната стабилност и просперитет.…

Авион за гаснење пожари на шумската служба на САД лажно прикажан како авион на НАТО со кој нè…

Авионот прикажан во објавата која ја анализираме, нема никаква врска со НАТО, уште помаку со кемтрејлс. Станува збор за модерен систем за борба против пожари кој го користи шумската служба на САД

Со манипулации и невистини се тврди дека небото над С. Македонија е отровно

На објава на Фејсбук пишува „Денеска небото над Македонија е страшно“, а две од трите фотографиите прикачени воопшто и не се снимени ниту сега, ниту во Македонија. Со фотографиите се алудира дека небото е опасно и отровно, односно дека…

Симпсонови не предвиделе „кемтрејлс“

Видеото прикажано во објавата е изменето, во него се споени неповрзани клипови од „Симпсонови“ и „Американски татко“, за да изгледа како Симпсонови да предвидуваат кемтрејлс. Во епизодата на „Симпсонови“ прикажана во видеото не се…

Какофонија од повеќе наративи кои креираат теорија на заговор за климатските промени

Наспроти тврдењето во објавата, во Договорот потпишан во 2005 година меѓу Драшковиќ и НАТО,  авионите на НАТО добиле дозвола да прелетуваат над територијата на Србија и Црна Гора не за да запрашуваат со хемикалии или вируси, туку за…

Високите температури ниту се, ниту може да бидат дело на ХААРП

ХААРП многупати досега беше обвинуван дека предизвикал разни бури, земјотреси, поплави, а сега се обвинува и за високите температури и топлотниот бран кој деновиве ја зафати Македонија. Но, вистината е дека високите температури и…

Нема докази дека од авиони нè запрашуваат со хемикалии

Ричард Вобс, кој се спомнува во објавата, е актер и писател кој своите грижи за „запрашувањето од воздух“ ги пренесува на Јутјуб, но тој нема никаков професионален бекграунд или тежина за ова да зборува со факти и докази. Двајцата наводни…

Белите траги од авионите не се отровни и не предизвикуваат болести

Најновите истражувања покажуваат дека дождовната вода не е безбедна за консумирање, но тоа не се должи на фактот дека некој намерно го прави тоа за да ја труе почвата и луѓето прскајќи од авионите, како што се алудира во објавата. Овие…

Кемтрејлс не се споменуваат во предлог законот во Тенеси

Уредбата на Сенатот на државата Тенеси не докажува дека кемтрејлс се вистинска појава. Предлог законот кој се споменува во објавите што ги рецензираме, примарно се однесува на контрола на активностите за геоинженеринг во оваа држава и не…

Трагите од авиони не се користат за борба против климатските промени

Борбата против глобалното затоплување не се постигнува со авиони, ниту со трагите што ги оставаат зад  себе кои не се ништо друго освен случаен резултат од мешањето на топлината испуштена од млазниот мотор исполнет со водена пареа, со…

Трагите од авиони не се ништо невообичаено и не сигнализираат никакви симболи и тајни агенди

Никој не нè прска од авиони, а уште помалку тоа има врска со некакви агенди или со Израел, кој неосновано се става во овој контекст. Вистината е дека белите траги кои авионите ги оставаат зад себе се создаваат кога водената пареа и ситните…

Трагите од авиони на небото немаат никаква поврзаност со големата кашлица

Големата кашлица не се шири преку авионите коишто летаат на небото, како што се инсинуира во објавата. Не е вистина дека оние кои имаат симптоми на големата кашлица всушност се отруени од прскањето со авиони. Сосема е неверојатно намерно да…

Нема прскање со отрови од небото и облаци креирани од ХААРП

Во објавата се повторува познатата теорија на заговор дебанкирана од научната заедница и од  самите научници во ХААРП програмата. Не е точно дека нè прскаат од авиони со хемикалии, ниту пак, дека ХААРП има можност да креира временски…

И доктор Нико Беќаровски злоупотребен за ширење „кемтрејлс“ теории на заговор

Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека познатиот доктор Нико Беќаровски ја потврдил теоријата на заговор за „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со хемиски супстанци, односно отрови кои предизвикуваат симптоми…

Облаците на оваа фотографија се природни, а не резултат на ХААРП или прскање од авиони

Облаци како на фотографијата објавувани се многупати досега, тие се природни облаци, не се креирани ниту од ХААРП, ниту од некакво запрашување со авиони. ХААРП не произведува вода во атмосферата, ниту пак, има контакт со постоечките облаци,…

Не е вистина дека државата нè прска со отрови од авиони

Тврдењето дека некој нè прска со отрови од авиони е неточно и претставува една од најраспространетите теории на заговор, честопати дебанкирана од Вистиномер. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираа дека и…