ВМРО-ДПМНЕ: Аква-парк во склоп на СЦ Борис Трајковски

Во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, самостојно или со јавно-приватно партнерство ќе изградиме градски аква-парк, со забавни содржини на вода, во кој ќе овозможиме забава за сите генерации и во текот на летниот период. Овој парк ќе биде лоциран до обновениот базен Карпош и заедно ќе претставуваат една целина. [Рок: 2013]

Образложение:

Изработени се физибилити студија и идеен проект според кој ќе се гради Аква-паркот во склоп на СЦ Борис Трајковски.  [Ажурирано на: 20.12.2011]

Според најновите информации, подготвени се основниот и изведбениот проект за аква-паркот. Изведувачот на проектот ќе биде избран на 15 мај. Според најавите, аква-паркот треба да биде готов до 15 август, 2012 година. [Ажурирано на: 23.04.2012]

Директорот на СЦ Борис Трајковски, Ратко Капушевски, најави дека во декември 2012 година се очекува да се добие градежната дозвола за аква-паркот, по што веднаш ќе се започне со изградбата која би требало да трае околу 4 месеци. [Ажурирано на: 19.11.2012]

Во јули 2013 година во Скопје е отворен Аква паркот во склоп на СЦ „ Борис Трајковски“. На површина од 12.000 метри квадратни се изградени 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Под објектот има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата. [Пристапено на: 11.04.2014]

Така што, ова изборно ветување е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција