ВМРО-ДПМНЕ: Дневни центри за деца со посебни потреби

Во периодот 2011-2015 година ќе ја прошириме мрежата на постојните 24 Дневни центри со отворање на дополнителни Дневни центри за деца со посебни потреби на територија на цела држава: Струмица – Рок: 2011; Кратово – Рок: 2012; Скопје – Рок: 2013;  Валандово – Рок: 2014*; Кочани – Рок: 2015*. Носител: Министерството за труд и социјална политика во соработка со локалната самоуправа. Буџет: 15 милиони денари.

Образложение:

Заклучно со март 2012 година, Дневниот центар за деца со посебни потреби во Струмица се уште не е отворен, иако рокот за отворање е 2011 година. Според известувањето на медиумите, отворањето на овој центар Министерството за труд и социјална политика го предвидува за 2012 година.

Резултат: Струмица – Неисполнето

[Ажурирано на: 09.04.2012]

И покрај истекувањето на рокот за исполнување на ова ветување, дневен центар за деца со посебни потреби сеуште не е отворен во Кратово. Отворање на дневен центар за деца со посебни потреби во Кратово е предвидено во предизборната програма на градоначалникот на Кратово Мите Андоновски за локалните избори 2013 година.

Резултат: Кратово – Неисполнето

[Ажурирано на: 23.04.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Макаедонија земја на еднакви можности“, за проектот „Дневни центри“, е наведено:

Во 2013 година е отворен 24 по ред Дневен центар за деца со пречки во менталниот развој во општина Кратово.

Се отвори и Дневен центар за деца со аутизам во Скопје, како и уште еден Дневен центар за деца со интелектуална попреченост во Струмица.  [Ажурирано на: 09.04.2014]

Во ноември 2013 година во Кратово беше пуштен во употреба Дневниот центар за деца со пречки во развојот. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Во февруари 2014 беше најавено дека во текот на март во Струмица ќе биде готов центарот  за деца со умерена и тешка психичка попреченост како и деца со попреченост во телесниот развој на возраст од 18 години па нагоре. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Во март 2014 година во Скопје започна со работа дневниот Центар за аутизам. [Ажурирано на: 09.04.2014]

Заклучно со април 2014 година нема информации за отворање на вакви дневни центри во Кочани и  во Валандово. Така што ветувањето : „Дневни центри за деца со посебни потреби“, е делумно исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција