ВМРО-ДПМНЕ: Планови за управување со сите заштитени подрачја во РМ

Ќе донесеме Планови за управување со сите заштитени подрачја во Република Македонија. [Рок: 2014 година]

Образложение:

Во рамки на меѓународни донации (грантови од ГЕФ и други меѓународни фондации) изготвени се нацрт-планови за управување со неколку заштитени подрачја. Планот за управување со Езерани е донесен во 2012. Од страна на субјектите кои управуваат со НП Пелистер и НП Галичица, односно од ЈУНП Пелистер, Битола и ЈУНП Галичица, донесени се плановите за управување за двата парка. Што се однесува на донесувањето на  План за управување со НП Маврово истиот ќе биде донесен по спроведување на постапката за повторно прогласување на Маврово за национален парк.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

 

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција