ВМРО-ДПМНЕ: Санација и реновирање на библиотеката во Крива Паланка
Со санацијата и реновирањето на библиотеката ќе се подобрат не само условите за работа, туку ќе се обезбедат и соодветни услови за заштита на книжевниот фонд што го поседува библиотеката во Крива Паланка. Буџет: 250. 000 денари. Носител: Центар за култура – Крива Паланка. [Рок: 2012 година]
Образложение:
Според информациите од медиумите, како и од „Отчетот на работењето на Владата на Република Македонија 2011-2012 година“ стр 183, градската библиотека во Крива Паланка е санирана и реновирана во предвидениот рок и истата го зголемила својот книжевен фонд за 150 нови наслови, кои се донација од Министерството за култура.
Линкови:
- Региони.мк (25.12.2012): Видео: Нови 150 книги стручна литература за кривопаланечката библиотека [Пристапено на: 18.01.2013]
- Влада на РМ (20.07.2012): Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012. [Пристапено на: 18.01.2013]
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар