ДУИ: Подобрување на инфраструктурата на сите албански училишта

„Демократската Унија за Интеграција во наредниот мандат ќе продолжи со подобрувањето на инфраструктурата и уредувањето на просторот за учење во средно училиште, во сите општини, а особено за образованието на албански јазик, каде што барањата и потребите се во континуиран раст.“ [Рок: 2015 година]

Образложение:

Ветувањето е недослено и неконкретно ветување од проста причина што не е наведено ни едно име на училиште каде се планира да се подобрат условите за учење. Многу опширно без конкретна анализа се наведува дека за образованието на албански јазик барањата и потребите се во континуиран раст, без притоа да се дадат конкретни информации за кои училишта станува збор. Исто така, имајќи предвид дека општините се компетентни за училиштата во нивниот регион и од општинскиот буџет се планира било каков вид на реконструкција на тие училишта, ДУИ истакнува дека планот е да се дејствува во сите општини?!

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција