Категорија...

Исполнето

Делницата Подмоље-Охрид пуштена во употреба пред ветениот рок

На почетокот на градежните работи на делницата Подмоље-Охрид, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вети дека активностите на влезот од Охрид ќе бидат завршени до 10 јули. Ова ветување на Бочварски е исполнето, делницата е…

Основците од прво до петто одделение во Кавадарци добија бесплатна ужинка

Во кампањата за локалните избори кои се одржаа во октомври 2021 година, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, вети бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение. Ова ветување  на Јанчев  е исполнето, од почетокот на…

Ставен е во функција системот за водоснабдување во Кучково

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за локалните избори (октомври 2021г.), на кои како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја бараше довербата за градоначалничката функција во оваа општина, вети решавање на проблемот со водоснабдување…

Изградена е спортска сала во училиштето во Ваташа

Спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Ваташа е изградена и пуштена во употреба во јули минатата година (2022). Ова изборно ветување на градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев е исполнето, со забелешка дека тоа е сторено…

Отворен е ветениот затворен пазар во Кисела Вода

На местото на стариот нестандарден полуотворен пазар во Општина Кисела Вода, зад некогашното старо кино, изграден е современ, стандардизиран затворен објект со површина од 250 квадрати на кој се сместени 16 тезги. Со тоа, едно од ветувањата…

Бесплатни часови по пливање за 1.000 првачиња и деца со попреченост во Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски,  во јануари на презентацијата  на општинскиот Буџет за 2022 година, меѓу другото, вети и бесплатното пливање за сите првачиња од основните училишта во Аеродром, почнувајќи од септември…

Општина Охрид додели простории за дневен центар за децата со церебрална парализа

Ветувањето на охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков за доделување простор за изградба на дневен центар за згрижување на децата со церебрална парализа,  е исполнето. Општината деновиве (15.03.2022) додели простор во поранешната охридска…

Општина Охрид додели стипендии за ученици и студенти со ретки болести и посебни потреби

Градоначалникот  на Охрид, Кирил Пецаков  набрзо по доаѓањето на функцијата вети стипендии за ученици и студенти со ретки болести и посебни потреби. Ова ветување на охридскиот градоначалник  е исполнето.

Исчистен јавниот простор во Општина Сарај каде што треба да се градат социјални станови

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, во предизборната кампања за локалните избори (октомври 2021 година) вети расчистување на узурпираниот јавен простор каде што треба да се градат социјални станови. Ова ветување на Беџети е…

Асфалтирана улицата во село Стримница – Општина Желино

На крајот на септември минатата година, за време на предизборната дебата на „Клан ТВ Македонија“ посветена на локалните избори, тогашниот кандидат, а сега градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу вети асфалтирање на улицата во горниот…

Полошките општини започнаа да го носат комуналниот смет во депонијата Русино

На 29.12.2021 година градоначаликот на Општина Тетово, Биљал Касами, кој воедно е и нов претседателот на Советот за развој на Полошкиот плански регион, на прес-конференција најави дека полошките општини за една недела ќе започнат да носат…

Вратени се во сообраќај ноќните линии на ЈСП

Два дена пред локалните избори кои се одржаа на 17 октомври 2021 година, актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, а во тоа време кандидат за оваа функција, вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе се вратат во…

Завршена е изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми при проверка на градежните активности на патот Штип-Радовиш на 23 септември 2021 година, изјави дека експресниот пат Штип-Радовиш ќе биде готов до пролетта 2022 година. Изградбата на…

Недела стана неработен ден

На 2 март 2020 година, во пресрет на предвремените парламентарни избори, премиерот и тогашен претседател на СДСМ, Зоран Заев најави дека „недела ќе биде неработен ден". Ова негово изборно ветување е исполнето. Законските измени со кои…

Отстранети столпчињата на велосипедската патека во Тетово

Градоначалниот на Општина Тетово, Биљал Касами во програмата „100 дена Општина Тетово“, вети дека ќе ги острани столбовите долж булеварот „Илинденска“ со кои е обележана велосипедската патека. Ова негово ветување е исполнето. Екипата на…

Седниците на Советот на Општина Тетово започнаа да се пренесуваат во живо

Градоначалниот на Општина Тетово, Биљал Касами во програмата „100 дена Општина Тетово“, која ја објави во јавноста на прес-конференција на 16 ноември, но и на официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово, меѓу другото, вети „директен…

Реконструиран е патот во скопско Бојане

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, во кампањата за локалните избори во 2017 година  вети асфалтирање и реконструкција на главната улица во село Бојане. Ова ветување на Беџети дадено во неговата во предизборна програма (стр.16)…

Изградена е обиколницата во Вевчани

Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски во изборната програма „Живот за сите во Вевчани“, како еден од приоритетните проекти вети изградба на обиколница во Вевчани. Ова негово изборно ветување е исполнето. Обиколницата е изградена и…