Yearly Archives

2022

Пост шири куп невистини за потеклото на коронавирусот

Во постот се изнесени низа невистини - дека коронавирусот потекнува од змии, дека лекот „Ремдесивир“ е составен од пептиди на кобра, дека коронавирусот се пренесува преку вода, како и дека научникот којшто тоа требало да го обелодени,…

Џорџ Сорос и Володимир Зеленски не се татко и син

Не е првпат на социјалните мрежи да се шират дезинформции за крвно сродство меѓу Зеленски и Сорос, но тие беа побиени од странските проверувачи на факти. Сервисите  на „Асошиејтед Прес“ и „Фактчек.орг“ веќе имаат разоткриено дека станува…

Фактите се неприкосновени – дури и кај содржини со астролошки предвидувања

Фотографијата од наводниот астролог  што се споделува во постот може да се купи од сајтовите за продажба на фотографии по цена од помалку од 14 долари и таа нема никаква врска со некаков астролог. Доколку на Гугл се побара астролог со името…

Контраспин: Исплатата само на придонеси е, сепак, притисок – СОНК спинува, платите растеле и досега

Анализирајќи ги изјавите на главните актери во штрајкот во образованието (претшколско, основно и средно) кој трае цели две недели, со неизвесност кога ќе прекине, може да се идентификуваат два спина. Еден спин кој доаѓа од Владата и еден…

АНАЛИЗА: Стар проблем – нови решенија, повеќе од 25.000 млади лица без работа – дали ќе помогнат…

„Прв дојден – прв услужен“ и воведување на квота од 5 отсто опфатеност на Ромите, учество на младите лица до 29 години со најмалку 30 отсто – ова се новите критериуми во новиот Оперативен план за вработување за 2022 година, пишува…

Руската пропаганда во Македонија по референдумот до зачленувањето во НАТО

Оваа анализа ја документира руската пропаганда по консултативниот референдум за Договорот од Преспа во 2018 г., превирањата во политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и „Единствена Македонија“ заради руско влијание пред уставните  измени, руски…

Во Украина не биле запленети дронови кои содржеле агенси за предизвикување ковид-19

Униформираното лице кој се појавува на видеото вели дека беспилотните летала се опремени со контејнери кои можат да носат до 30 килограми течност, но не кажува дали течноста што се гледа во контејнерите е токсична хемикалија. Освен тоа,…

Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми не избегал од државата

Oбвинителката Вилма Русковска претходно јавно зборуваше за пријавата со која е опфатен Муареми, по што во медиумите и на социјалните мрежи се појавија информации дека тој е во бегство. Муареми во изјава за ТВ 21 ги демантираше написите кои…

Со стара фотографија од ирански брод во пламен се илустрира потонувањето на крстосувачот Москва

Фотографијата којашто е искористена во постот за да се претстави потонувањето на крстосувачот Москва, е стара и неповрзана со руската инвазија на Украина. Таа потекнува од јуни 2021 година од потонувањето на иранскиот брод во Оманскиот…

Со ореви и мед не се лекуваат болести на тироидната жлезда

На пациентите кои имаат болести на тироидната жлезда им е потребен постојан медицински третман и редовни контроли. Првенствено дијагноза, ехо контроли, крвна слика за испитување на хормоните и секојдневна терапија зависно од болеста, секако…

Нема докази дека вакцината против ковид предизвикала сарком, од кој починала девојка

Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала сарком, од кој починала девојката чиј смртен случај е наведен во постот. Саркомот е карцином во сврзното ткиво, не се знае што го предизвикува. Има ризик фактори, но меѓу нив не се…

Србите во Северна Македонија не ја оправдуваат војната во Украина, дел од нив навиваат за Русија

Србите како и дел од членовите на српско - македонските здруженија во полошко се против инвазија на која било земја и се за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Но, некои од нив и покрај осудата од сè повеќе…

Пентагон не размислува да ѝ испрати оружје на Украина за таргетирање на „аеродромите во Москва“

Заменик-министерката за одбрана Кетлин Хикс, во изјавата објавена од Гласот на Америка на руски јазик, вели дека „САД се подготвени да ја разгледаат можноста за снабдување на Украина со оружје со среден дострел". Таквото оружје би можело…

Измислен говор на Путин вирално се шири на социјални мрежи

Ниту една од овие триесетина реченици од наводниот говор на Путин што се сподлува на Фејсбук, рускиот претседател не кажал Путин во ниту еден од неговите говори откако почна руската инвазија на Украина. Нашата проверка покажа дека сите…

Би-Би-Си не известил дека масакрот во Краматорск е изведен со украински проектил

„Би Би Си“ официјално предупреди дека на интернет почнало да се шири лажно видео, во кое е злоупотребено нивното лого за лажно да се тврди дека нападот во Краматорск го извела Украина. Тоа што проектил „Точка-У“ е пронајден на местото на…

Нема докази дека Азаров лиферувал информации за биолаборатории на НАТО во Украина

Написот споделен во постот што го анализираме, содржи многу нејасни и неконцизни информации. Прво, нејасен е изворот на истите. „Вистиномер“ се обиде на Гугл да најде каде поранешниот украински премиер, Микола Азаров лиферувал детали кои се…

Фотографија објавена на полски и руски сајтови прикажана како да е снимена во Скопје

Зградите на фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук  не се во Скопје. „Вистиномер“ ја побара фотографијата на Интернет и ја најде на повеќе сајтови кои споделуваат хумористични содржини. Според информациите кои ги најдовме на…

Нема докази дека Путин боледува од рак на тироидата

Наспроти тврдењето во постот, нема никаква официјална потврда или докази дека здравствената состојба на рускиот претседател е влошена, односно дека тој боледува од рак на тироидната жлезда. Во написот, споделен во постот, се изнесуваат…