„Сатанистичка паника“ и дезинформации за пожарот во „Пулс“

Истражувањата покажуваат дека уште од 1980-тите ваквите тврдења често се дел од т.н. „сатанистичка паника“ (Satanic Panic), при којашто трагични настани или криминални дела без докази се припишуваат на тајни сатанистички култови.…

Објава без докази ги поврзува вакцинацијата и „сатанистичкиот заговор“

Централните тврдења во објавата за вакцините, наночиповите, бројот 666 и наводниот глобален план за депопулација не се поткрепени со никакви докази и се спротивни на достапните научни и официјални информации.

Не постојат докази дека „сатанистичка Европа“ се подготвува за војна против православието

Објавата користи реални информации за зголеменото вложување во европската одбрана, но врз нив гради непоткрепени заклучоци дека Европа е „сатанистичка“, дека се подготвува за војна против православието и дека има цел да го востоличи…

Настан за одбележување на 8 Март лажно претставен како сатанистички ритуал

Настанот го организирала м-р Дороти Пачкова, авторка и експертка по родови студии, на 8 март во 2024 година и истиот бил најавен и на социјалните мрежи. Станува збор за настан насловен „Женски круг - 8 Март на еден поинаков начин - женска…

Објавата шири теории на заговор за Земјата, Месечината, вонземјани и сатанисти

Објавата шири неколку теории на заговор кои досега се дебанкирани, како онаа за некакви сатанисти од длабоката држава, дека стапнувањето на човекот на Месечината било лажно и креирано со помош на компјутерски ефекти, дека Земјата е рамна…

ЕУ не промовира сатанистички вредности и не е водена од „длабоката држава“

Во објавата е карактеристичен анти-ЕУ ставот проследен со наратив на омраза. Европската Унија наспроти изнесеното, е стратешки партнер на С.Македонија која дава континуирана поддршка на нашата земја.

Не е точно дека сатанисти предизвикале хаос во Украина и го донеле Зеленски за претседател

Целта на ваквиот наратив е да се претстави Украина како држава која не може самата да одлучува за себе. Како да се работи за држава без територијален интегритет и суверенитет, како да не е самостојна, па мора да биде во нечии раце и…

Не е точно дека Светска банка и ММФ се управувани од сатанисти и се одговорни за војната во Украина

Светска банка и ММФ во никој случај не можат да бидат одговорни за мирот во светот, а особено не за војната во Украина, како што тоа сака да го прикаже објавата која ја анализираме.

Глобалниот договор за пандемии не значи дека со нас ќе управуваат сатанисти и монструми

И покрај постигнатиот договор за идни пандемии, тоа не значи дека со нас ќе управуваат монструми и сатанисти, како што се тврди во објавата, туку секоја држава сепак самостојно одлучува за постапките и мерките што ќе ги преземе. Во случај…

НАТО не е во војна со Русија, одбранбената Алијанса не е предводена од сатанисти

По распаѓањето на СССР немало напад од НАТО врз Русија исто како што нема ни денеска во 2024 година. НАТО е одбранбена алијанса која наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме нема за цел убиство на милијарди луѓе, туку одбрана.…

Про-Кремљ дезинформации ги претставуваат САД и ЕУ како нацистички и сатанистички

ЕУ и САД немаат никаква врска со нацизмот. Тврдењата дека ЕУ и САД се нацистички, како и дезинформациите за „сатанско НАТО“ и „педофилска ЕУ“ одат во прилог на про-Кремљ дезинформациите кои особено се засилија по целосната руска инвазија на…

Не постојат глобал сатанисти, ниту пак некаков план за „златната милијарда“

Во објавата се спомнува „златната милијарда“, стара теорија на заговор, според која светската елита сака да ги приграби ресурсите и богатството само за себе, а останатите жители на планетата да бидат препуштени на сиромаштија и глад. Оваа…

Скицата од „Витрувиевиот човек“ на iStock нема никаква поврзаност со сатанисти

iStock е онлајн меѓународен провајдер за микро фотографии со седиште во Калгари, Алберта, Канада, основан од Брус Ливингстон на 14 мај 2000 година. Фирмата нема никаква врска со сатанисти. iStock соработува со повеќе од 300 илјади…

Климатските промени не се мантра на трансхуманисти, фашисти и сатанисти, туку реалност

Во објавата се прави обид предупредувањата и констатациите дека климатските промени се реалност, да се претстават како наводна „глупост“ мотивирана од „потплатување со пари“ која ја шират „трансхуманисти, фашисти и сатанисти“. Климатските…

Објавата дезинформира и заплашува со некакви сатанистички агенди за контрола на човештвото

Не постојат никакви агенди и сатанистички сили чијашто цел е контрола на луѓето и депопулација на човештвото. Пандемијата на ковид-19 воопшто не беше план за некаква депопулација и ропство и таа често беше злоупотребена од страна на…

Реклама за казино претставена како сатанистички ритуал во црква во Украина

Видео во кое се гледаат пејачи, маскирани и нашминкани како ѓаволи, кои пеат на украински, се користи од страна на руската пропаганда за да се дезинформира јавноста дека е снимено во украинска црква и како небаре Украина е сатанистичка и…

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира…