Browsing Tag

Украина

Путин не е мало дете за да биде „намамен“ да ја нападне Украина

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, Путин е тој кој одлучи  целосно неиспровоцирано да го нападне територијалниот интегритет на суверена држава. Исто така, Вашингтон постојано потенцира дека Русија може да ја прекине војната…

Објавата манипулира дека црквата во Украина не е православна и дека од тоа зависи мирот

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани. Така што православието е доминантно во Украина и нелогично е да се враќа нешто што е веќе доминантно. Исто така, објавата манипулира дека мирот во Украина зависи од…

Тенденциозно и без никакви докази се шират невистини за наводна трговија со луѓе и органи во Украина

Изнесените тврдења за наводна трговија со луѓе и органи во Украина, не се поткрепени со никакви докази и истите се базираат на произволни тврдења на Јутјуберот Морис кој и претходно изнесувал дезинформации во своето шоу.  Ова е позната…

Не е точно дека Русите во Покровск бомбардирале ресторан во кој се собирал персонал на НАТО

Според она што е официјално објавено, во рускиот ракетен напад на Покровск загинале цивилни лица, а не странски платеници и персонал на НАТО, како што се тврди во оваа објава на Фејсбук. Во нападот биле погодени две станбени згради и еден…

На ова видео не е Володимир Зеленски, туку аргентинскиот танчер Пабло Акоста

Повеќе странски проверувачи на факти објавија дека видеото не е од Зеленски туку од Пабло Акоста. Тој е танчер, учител по танц и кореограф од Аргентина и самиот го објави видеото на 1 јуни , а на платформата има и неколку други негови…

Манипулативна објава на Фејсбук по секоја цена ја правда руската инвазија врз Украина

Целата објава изобилува со руски наративи и манипулации кои имаат за цел да шират пропаганда и да ја оправдаат руската воена агресија врз Украина. Украинците не се со испрани мозоци како што се тврди во објавата, туку тие се обидуваат на…

НАТО не е поттикнувачот на војната во Украина

Не е точно дека НАТО поттикнува војна и дека има за цел да се бори против Русија преку грбот на украинските граѓани. Таквиот наратив е дел од руската пропаганда, којашто сака да ја претстави Украина  како вазал на западните држави, односно…

Петровска никогаш не изјавила дека ѝ објавува војна на Русија

Доколку Петровска некогаш кажала вакво нешто, за тоа ќе имаше записи на сите медиуми, како домашни така и странски. Но, такво нешто не може да се најде на интернет просторот, ниту во пишана, ниту во аудио или видео форма. Секако, во случај…

Промената на календарот на Украинската православна црква не е поврзана со нацизмот

Промената на календарот на Украинската православна црква, нема врска  со нацизмот, ниту пак, може да се влече паралела со нацистичката окупација на Украина во 1941 година, бидејќи во конкретниот случај Украина е нападната од Русија.…

Западот не сака да ги изгладни граѓаните на Нигер „до смрт“

Во постот се прави несоодветна споредба меѓу Русија и Нигер, при што прстот се вперува во ЕУ (Западот) како виновник за двете различни ситуации. Во случајот војната во Украина, Русија беше таа која што нападна без провокација суверена и…

Не е вистина дека Западот го ограбува историското наследство на Украина

Нема никакви докази дека се работи за кражба и „киднапирање“ на културното богатство на Украина, ваквите тврдења изнесени во постот беа демантирани од украинските власти. Украинското Министерство за култура и информатички технологии објави…

Видео од размена на затвореници претставено како да е предавање на украински војници

Во постот погрешно се тврди дека видеото кое се споделува прикажува украински војници кои се предаваат на руските сили. Видеоматеријалот е од размена на заробеници меѓу групата Вагнер и украинските вооружени сили во мај годинава во Украина.…

Самитот на НАТО, касетните бомби, Пригожин и Полска, фокус на дезинфо-наративите во јули 

Во јули низ медиумите на македонски јазик можеа да се прочитаат повеќе типови руски наративи поврзани со состојбите во Украина, а доминираа оние поврзани со самитот на НАТО во Вилнус, со касетната муниција одобрена од САД за Украина, со…

Лажно се прикажува дека Украина е марионета, а не независна држава која си го брани суверенитетот

Не е точно дека Украинци умираат и се раселени поради Зеленски. Русија ја нападна Украина, а Зеленски ја предводи нацијата во нејзината битка за одбрана на територијалниот интегритет и  суверенитет.  Украина добива помош од  ЕУ и НАТО…

Западот не води војна и не губи од Русија

НАТО не е во војна со Русија и не бараме конфронтација со Русија. Она што го прави НАТО е поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана, како што е наведено и во Повелбата на ОН. Во текот на изминатите месеци, преземавме исклучиво…

Во рускиот ракетен напад на Краматорск беа погодени цивили, а не „воени легитимни цели“

Рускиот ракетен напад врз Краматорск бил намерен и извршен врз цивилни објекти. Факт е дека во нападот на пицеријата во Краматорск биле убиени 12 цивилни лица, а десетици биле повредени. Тоа што американски војник бил таму за да јаде, не го…

Видеоигра прикажана како доказ за супер маневрите на руската авијација

Видеото во постот не покажува никакви супер маневри на руската авијација, туку станува збор за видео игра и симулација на т.н. кобра маневар. ДЦС е акроним за Digital Combat Simulator, видеоигра која симулира воздушна борба

Произволно се тврди дека САД во Украина работеле на создавање биолошко оружје со ДНК на Руси и…

Тврдењето дека „САД во биолабораториите во Украина работеле на создавање на биолошко оружје засновано на ДНК на одредена етничка група, односно на Русите и Кинезите“, е сосема произволно и без никакви докази. Департментот за одбрана на САД…