Yearly Archives

2023

Со дигитално изменето видео се тврди дека Зеленски пеел на руски јазик

Зеленски не пее во видеото споделено на Фејсбук, а уште помалку пеел на руски, како што се тврди. Видеото е дигитално изменето и неговиот лик е вметнат на местото на украинскиот комичар Васил Бајдак кој преку оваа песна повикува на донации…

Сѐ поизвесно е дека Ковачевски нема да ги намали функционерските плати

Со повторената изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека парите од зголемувањето од 78 отсто на платите на функционерите (15 милиони евра на годишно ниво), нема да бидат доволни за да се покријат моменталните синдикални барања, дека треба…

Видео од 2013 година од болница во Египет, претставено дека е од болницата Ал Шифа во Газа

Видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук не е направен сега - ноември 2023 година, во болницата во Газа, туку е снимен пред 10 години во болница во Каиро. Видеоматеријалот е погрешно означен поради што во објавата се пропушта контекстот

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Митови и заблуди за сајбер хигиена

Од антивируси, преку лозинки до бесплатни и отворени Wi-Fi мрежи – митовите ги коментираат Весна Радиновска од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, универзитетскиот професор Адриан Бесими и Севдали Селмани од Националниот…

Метаморфозис го презентираше истражувањето за геополитичката перспектива на дезинформациските текови…

Директорот за партнерство и развој на ресурси од Метаморфозис, Филип Стојановски објасни дека главната цел на овој извештај е да се истакнат дезинформациите и малициозните надворешни влијанија во земјата и во регионот и начините на кои тие…

Македонскиот јазик не е избришан од Гугл

Во пребарувачот Гугл корисниците можат и да пребаруваат на македонски јазик и да добиваат содржини на македонски јазик, а исто така, не е воведена никаква рестрикција со којашто тој се ограничува. Дополнително, на страницата за помош на…

АНАЛИЗА: Пред пратениците четири закони за задолжување од 245 милиони евра

Четири нови заеми со сила на закон се испратени во Собранието на усвојување. Владата бара да се изгласаат по скратена постапка, пишува Порталб.мк. Што содржат документите за овие нови заеми, за што ќе се трошат парите и колкави камати ќе се…

Контраспин: Апасиев како Робеспјер – народен фронт за финална пресметка!

Левица, како и секоја друга партија во предизборието што е веќе одамна започнато, од многу причини вчера си дозволи да демонстрира насилство и кршење во Собранието, кое е недозволиво, добивајќи веројатно гласови плус. А денеска пак и нови…

Заменик-министерката за надворешни работи не е од ДУИ, туку од ДПА

Фатмире Исаки која е заменичка на министерот за надворешни работи Бујар Османи, не е дел од Демократската унија за интеграции. Таа никогаш не била дел од оваа партија. Исаки е од редовите на ДПА и се наоѓа на оваа функција од февруари 2020…

Настаните од 6 јануари во Капитол беа насилни и доведоа до човечки жртви

За настанот од 6 јануари 2021 година во американскиот Капитол кој доведе до немири и човечки жртви, во оваа објава на Фејсбук се прикажува видео кое алудира дека политичарите сакале да го  преувеличат настанот, односно да го „напумпаат“.…

Мета факт: Владата не создаде и не објави регистар на млади умови

Според одговорите од Владата на РСМ, ваков регистар во моментов не постои. Од таму добивме единствено дополнителни информации за други теми кои се однесуваат на младите во државата Во Програмата за работа на Владата на Македонија…

Шолц не глумел дека имало ракетен напад пред да го напушти аеродромот во Тел Авив

Не може да се каже дека сите медиуми биле ставени во корист на некаква си пропаганда на Нетанјаху, како што тврди објавата. Од видеата јасно се слушаат сирените за воздушен напад и се гледаат ракети (според пишувањата тоа се ракети од…

Студенти од Харвард го напуштија предавањето на израелскиот конзул, но во 2019 година

Оваа случка навистина се случила, меѓутоа не сега - ноември 2023 година и не како знак на солидарност со повеќе од 4 илјади брутално убиени деца, како што тврди објавата на Фејсбук, туку во 2019 година. Видеоматеријалот е објавен од страна…

Баркодот не ја означува земјата на потекло на производот

Во објавата што ја рецензираме невистинито се сугерира дека ако баркодот на производот почнува со цифрите 729, тоа значи дека тој е произведен во Израел, што според компанијата која ги доделува баркодовите не е точно. Цифрата 729 само…

Новинарите за борбата против дезинформации: И институциите и медиумите се одговорни

„За разлика од повеќето медиуми кои внимаваат на проверката на факти во своите производи пред истите да се објават, „Вистиномер“ се занимава со проверка на веќе објавени информации, рече Владимир Петрески, главен уредник на „Вистиномер“…

ДЕБАТА: Српските таблоиди и дезинформациите најголем проблем за новинарите од Западен Балкан

Црна Гора, Македонија, Србија, БиХ ги претставија клучните проблеми во медиумската сфера и впечатокот е дека речиси сите се соочуваат со слични или идентични проблеми - таблоидното новинарство, недоволната регулација на онлајн медиумите и…

Дезинформации се шират за парното во „Стив Наумов“, студентите сега имаат греење

Соопштението на „Студентска револуција“ вчера, без да проверат дали изнесената информација во него е точна, го пренесоа повеќе медиуми, на што реагираше директорот на ДСД Скопје, Велевски Парното во студентскиот дом „Стив…

Не е вистина дека државата нè прска со отрови од авиони

Тврдењето дека некој нè прска со отрови од авиони е неточно и претставува една од најраспространетите теории на заговор, честопати дебанкирана од Вистиномер. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираа дека и…