Уништувањето на трската во Охридското езеро – доказ за бавниот напредок во заштита на…

Во Охридското езеро има стотина комплекси на трска, кои со децении се на атак на несовесните граѓани. Уништувањето е најизразено и се повторува секоја година пред почетокот на вегетациониот период и пред градежната сезона.

Образовни реформи: Зборуваме за дигитализација, а училиштата во охридско со една смарт табла!

Дигитализацијата е одличен процес кога сите ученици би имале таблети, кога во секое училиште ќе има интернет. За инклузивно образование  се неопходни кадровски и инфраструктурни подготовки во училиштата во охридско-струшкиот регион.…

Над 90 проценти од здравствените работници во охридско-струшкиот регион се вакцинирани

Нема лекар, вработен во јавните здравствени установи во охридско-струшкиот регион, кој не примил барем една доза вакцина. Рекордер во вакцинација е Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, таму има 100 отсто вакцинација…

Светската организација за интелектуална сопственост бара поголема заштита на Oхридскиот бисер

Да сопре нелојалната конкуренција и нелегалната продажба на фалсификувани бисери во Охрид, бара Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO-World intellectual Property Organization). Државата во 2012 година ги брендира…

Општина Охрид и јавните претпријатија пренатрупани со вработени

Бројот на административци во општина Охрид од година во година расте. Во општина со 50 000 жители, според европскиот просек треба да има 50 административци, но во Охрид има 280 вработени само во општината и уште стотина во јавните…

Дуќанџиите на удар на нелегалната интернет продажба

Охридските дуќанџии со години се соочуваат со нелојална конкуренција. Многу е-продавници, без фирма и фискална каса, „дебело“ заработуваат на социјалните мрежи. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнале голем број поплаки од…

Ромите и Египќаните живеат на маргините од општеството

Ромите и Египќаните се соочуваат со потценувачки однос во комуникацијата со институциите, наидуваат на бариери во пристапот до здравствената заштита, но и на образовни и социјални предрасуди. Во изминативе две години од пандемијата…

Раководните функции во Југозападниот регион „резервирани“ за мажи

Југозападот сè уште не е доволно „зрел“ да прифати зголемување на политичкиот ангажман на жените.Три децении од осамостојувањето до денес, во општините од Југозападниот регион немало ниту една градоначалничка. Ако се погледне менаџирањето…

Семејното насилство во охридскиот регион во пораст, во струшко жртвите молчат

Семејното насилство во охридскиот регион е во пораст. Тоа е главно резултат на  лошата материјална, па и здравствена состојба, што пак, неминовно влијае на заострување на односите во семејството и зголемување на тензиите, нетолрантноста,…

Охриѓани не добија нов здравствен дом

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во овој град (април 2019 година), вети изградба на нов здравствен дом во Охрид. Ова ветување на Георгиески е неисполнето. Досега…

Намален интересот за вакцинација во охридско-струшкиот регион

Се намалува интересот за вакцинација. Пунктовите за имунизација во Струга, Охрид и Вевчани имаат доволно вакцини, но нема одзив од страна на граѓаните. Се нуди и трета бустер доза, но за неа треба да поминат шест месеци од првичната…

Не е направен проект за изградба на нова градинка во Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид, меѓу другото, вети и Проект за изградба на нова детска градинка. Ова ветување на Георгиески е несиполнето.

Изградена е обиколницата во Вевчани

Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски во изборната програма „Живот за сите во Вевчани“, како еден од приоритетните проекти вети изградба на обиколница во Вевчани. Ова негово изборно ветување е исполнето. Обиколницата е изградена и…

Двата влеза во Струга со нов лик

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во изборната кампања во октомври 2017 година вети уредување на влезовите во градот. Ова изборно ветување на градоначалникот Мерко е исполнето, двата влеза во Струга сега имаат нов изглед.

Подобрени условите во повеќе училишта и градинки во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на предвремените локални избори во април 2019 година вети подобрување на условите во градинките и училиштата во Охрид. Ова ветување на Георгиески е исполнето. Проверката на „Вистиномер“ покажа…

Не се случи најавената реконструкција на кејот во Охрид

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид (април 2019 година), вети реконструкција на градскиот кеј. Досега (01.10.2021) не се започнати градежни активности за обновување на…

Вевчани доби туристички центар

Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски во кампањата за локалните избори 2017 година вети изградба на Туристички центар – објект за мултикултурни дејности. Ова негово изборно ветување е исполнето. Туристичкиот центар во Вевчани е изграден…

Не е изградена ветената подземна гаража во Струга

Едно од ветувањата на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, во неговата изборна програма за локалните избори во 2017 година, беше изградба на подземна гаража. Според планираното, најавениот паркинг требаше да биде на два ката, лоциран на…