Ковид не е ни игра, ни план за депопулација

Не е вистина дека ковид е план за депопулација, туку во прашање е пандемија предизвикана од коронавирусот со којашто се соочи целиот свет.  Пандемијата, иако насекде во светот одзема бројни животи од различни возрасни групи, сепак не успеа…

Не е точно дека на секои 100 години има пандемија како план за депопулација

Големата чума во Франција не е пандемија, другите примери на пандемија наведени во постот не се случиле точно во годините што се посочуваат, туку порано или подоцна 3 години. Исто така, во меѓупериодот од 1720 до денеска имало голем број…

„Нов светски поредок“ нема да прави светска депопулација

Агенда 21 е еден од документите кои произлегоа од конференцијата на ОН за животната средина и развој одржана во Рио Де Женеиро. Во овој документ ги нема термините споменати во постот (видеото) што го рецензираме, како  „валута, војска,…

Не е точно дека Бил Гејтс планира депопулација на светот преку присилна вакцинација 

Конспиративната теоријата според која Бил Гејтс има за цел да го збрише населението ширум светот со помош на вакцинацијата против ковид-19, со огромна брзина се шири на социјалните мрежи. Филантропот Бил Гејтс е една од најпогодените…

Објава без докази ги поврзува вакцинацијата и „сатанистичкиот заговор“

Централните тврдења во објавата за вакцините, наночиповите, бројот 666 и наводниот глобален план за депопулација не се поткрепени со никакви докази и се спротивни на достапните научни и официјални информации.

АНАЛИЗА: Државата под закана од „демографски крах“ – членство во ЕУ „брана“ за егзодусот

На годишно ниво државата може да губи и по над 22.000 жители. Трендот на иселенички егзодус не само што не запира туку може и да се влоши, па во 2032 година бројот на жители би можел да се „спушти“ под 1.600.000. Скорешното членство во ЕУ…

Се шири теорија на заговор за Агенда 2030

Објавата изобилува со невистинити интерпретации и манипулирање со фактите поврзани со Агенда 2030 и претставува класичен пример за теорија на заговор која користи страв и квазирелигиозна терминологија за да манипулира со јавноста. Тврдењата…

Никој не „пушта“ комарци за ширење вируси и бактерии како дел од „агенда“

Како што наведува Центарот за контрола и превенција на болести на САД, прскањето против комарци е со цел намалување на инсектите што шират вируси, а не за зголемување на нивниот број.

Објава шири псевдомедицинско тврдење за тоа дека „ракот можел да се излекува со сода бикарбона“

Наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме, алкалната диета според Американскиот институт за истражување на ракот не може да ја смени ПХ вредноста на телото, така што иако храната како овошје и зеленчук е здрава, телото самото ја…

Антиваксерска објава шири невистини за детската имунизација

Вакцинацијата на децата се спроведува како највисок дострел на современата медицина, а вакцините што се администрираат во Северна Македонија се испитани и се исти со оние коишто се даваат во ЕУ

Објавата шири невистини за Римскиот клуб

Римскиот клуб не е ниту централна светска власт, нема ниту војска ниту моќ на законодавец. Mисијата на Римскиот клуб е да „дејствува како глобален катализатор на промени“ преку спонзорирање на студии и конференции и издавање извештаи и…

Објавата шири теории на заговор за Земјата, Месечината, вонземјани и сатанисти

Објавата шири неколку теории на заговор кои досега се дебанкирани, како онаа за некакви сатанисти од длабоката држава, дека стапнувањето на човекот на Месечината било лажно и креирано со помош на компјутерски ефекти, дека Земјата е рамна…

ЕУ не промовира сатанистички вредности и не е водена од „длабоката држава“

Во објавата е карактеристичен анти-ЕУ ставот проследен со наратив на омраза. Европската Унија наспроти изнесеното, е стратешки партнер на С.Македонија која дава континуирана поддршка на нашата земја.

Објавата шири теории на заговор дека ќе нè вакцинираат преку воздух и зеленчук

Нема докази дека вакцини се додаваат во зеленчукот како дел од масовна примена на вакцините (одобрена и имплементирана). Препораките за вакцинирање се базираат на директна администрација (инјекција, капкање, перорална, итн) преку регулирани…