Ниту ЕУ е бајка, ниту е НАТО во прокси војна во Украина

Ванковска употреби наратив за ЕУ кој сугерира дека Унијата веќе не постои, т.е. не постојат заедничките вредности за добробит на сите граѓани на земјите членки, туку дека како сијамски близнак на НАТО се подготвувала за војна, што е…

Северна Америка не е расадник на злото во светот

Објавата тенденциозно и неточно тврди дека Северна Америка (а притоа мисли на САД) е расадник на злото. Но, токму во САД со децении работат голем број меѓународни организации кои се залагаат за безбедност, мир и развој во светот. Од вкупно…

Државата не ги труе луѓето со вакцини, туку ги спасува од зараза

Објавата што ја анализираме неосновано, произволно и без никакви медицински докази и факти тврди дека вакцините биле отров и дека државата сакала да ги труе нејзините граѓани. Докази за ова не се понудени, за разлика од доказите и фактите…

Москва не сака преспански јаболка, а бананите од Еквадор, сепак ѝ биле повкусни од индиските

Ако притисокот на Русија не беше толку лесно воочлив во македонскиот случај со забраната за увоз на ресенски јаболка, оној со Еквадор е прилично јасен. Со вешто маневрирање на бизнис секторот, притисокот на еквадорското раководство успешно…

Фабрикувано видео дезинформира дека австралиска компанија развива лек против смрт од ковид вакцина

Во видеото новинарката не зборувала за лек што треба да спречи „умирање од вакцината против ковид-19“. Станува збор за лапсус по кој таа веднаш се поправила, а третманот за кој зборувала се тестирал за да им помогне на пациентите…

Антиваксерска објава шири дезинформации против ДиТеПер вакцината

Во објавата што ја рецензираме се изнесуваат невистини дека нивоата на алуминиум во ДиТеПер вакцините биле толку високи што предизвикувале низа болести, што не е вистина и може да се заклучи од тоа што алуминиумот е присутен како адјувант…

Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во…

ПРЕЗЕМИ ЈА ПУБЛИКАЦИЈАТА, (ПДФ формат) Во 2023 година, создавањето и ширењето дезинформации се препознаени не само како медиумски, туку и како безбедносен проблем, кој го нарушува функционирањето на демократските…

Проверувачите на факти од „Ellinika Hoaxes“ го добија спорот со Грчката асоцијација на физичари

Организацијата за проверка на факти „Ellinika Hoaxes“, од соседна Грција, го доби долгогодишниот спор со Грчката асоцијација на физичари. Со одлука на апелациониот суд по вторпат се отфрла тужбата за морална штета, неовластена обработка на…

Монтирано и сатирично видео од Давос се споделува како вистинито

Од самото видео е забележливо дека се работи за видеомонтажа. Како што пишува Њузчекер.ин, делот со ликот на Имани во виралното видео има различно осветлување, што сугерира дека е монтирано. Делот на кој се прикажани Клаус Шваб и Виола…

Вакцините против ковид не се отровни и пандемијата не е „план за депопулација“

Наспроти изнесеното во објавата, светското население продолжува да расте и после ковид пандемијата и после ковид вакцинацијата, а не да опаѓа, со што фактички и со бројки може да се побие тврдењето дека „ковид е план за депопулација“.…

Нема докази дека графен оксид се појавил во Франција после дожд, ниту пак, го има во ковид вакцините

Вакцините против ковид-19 не содржат графен оксид како што сака да прикаже објавата. Листите со состојките на вакцините се јавно достапни и од нив може да се види дека нема графен оксид. Што се однесува до видеото споделено во објавата, за…

Наспроти дезинформацијата дека се бездетни, повеќето европски лидери имаат деца

Невистинита објава на Фејсбук тврди дека лидерите на земјите членки на ЕУ немаат потомство. Наспроти тоа, проверката на Вистиномер покажа дека најголемиот дел на премиерите и претседателите на земјите членки на ЕУ имаат деца, вклучително и…

Обединетите нации не ја декриминализираат педофилијата

Во објавата е споделен текст што изобилува со невистини, манипулации и цитати намерно извадени од контекст. Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, за странски проверувачи на факти изјавил  дека ОН не бараат…

Дезинформација е дека на Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум

Тврдењето дека на Криволак се изведуваат вежби со осиромашен ураниум кој е канцероген е непроверено и непоткрепено со ниеден факт. Станува збор за тенденциозна шпекулација преку која се проектира теорија на заговор и создава неоснован страв…

5Г мрежата не го активира Марбург вирусот, ниту пак, луѓето се чипирани и имаат графен оксид

Видеото е од 2021 година, но тоа на ниедно место во објавата не се кажува, па кога ќе се погледне се добива впечаток дека станува збор за сегашен настан и непотребно се крева паника и страв во јавноста за смртоносен вирус. Во објавата се…

Не е вистина дека Западот го ограбува историското наследство на Украина

Нема никакви докази дека се работи за кражба и „киднапирање“ на културното богатство на Украина, ваквите тврдења изнесени во постот беа демантирани од украинските власти. Украинското Министерство за култура и информатички технологии објави…

Нема никакво спојување на Русија и Белорусија

Постот пренесува лажна изјава на Песков врз основа на која дезинформира дека ќе има некакво спојување на Русија и Белорусија. Нашата проверка покажа дека, ниту Песков дал изјава, дека со настапот на Путин на 26 јуни ќе биде одредена…