Лажно се прикажува дека Бил Гејтс ќе ја вакцинира храната со мРНК

Глобалната академија за агрикултура и безбедност во храната, која е злоупотребена во постот, се одржала во 2018 година, кога немаше ни ковид ни вакцини. Не е точно дека Бил Гејтс во својот настап  кажал дека ќе се вакцинираат животните со…

Тоа што вакцинираните може да се заразат со ковид, не значи дека вакцината е не спасува животи

Во овој пост е намерно изместен контекстот за да се петстави дека вакцната против ковид-19  е неефикасна и не спасува животи, само затоа што Бил Гејт се заразил со ковид иако бил вакцинациниран со три дози. Но, наспроти ваквото…

Климатските промени не се нова „пландемија“, туку реалност и научно се докажани

Климатските промени беа во фокусот на Светскиот економски форум (СЕФ) во 2021 година, но тие се високо на агендата се и во последниве години и тука нема ништо спорно. Наспроти тврдењата во објавата што се шири на Фејсбук, климатските…

Адитивите Е120 и Е904 се во употреба во прехранбената индустрија со децении

Во објавата се презентираат два адитива - Е120 и Е904, како некаква новина, но тоа не е точно.  Овие адитиви ги има во различни видови прецесирана храна која се консумира секој ден, а во најразлични прехранбени продукти се наоѓаат барем од…

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира…

Не прекинуваат теориите на заговор што го претставуваат Бил Гејтс како „вакцинален злосторник“

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „злосторник против човештвото“, поради тоа што вакцинацијата ја промовира како придобивка. Иако, тоа е неспорен факт - вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу…

Како теориите на заговор ја хранат глобалната епидемија на дезинформации

Иако некои теории на заговор делуваат навидум безопасно, многу од нив имаат последици во реалниот свет. Теориите на заговор како: Кју Анон, 5G, ХААРП, кемтрејлс и слични поттикнуваат страв, имаат потенцијал да ја нарушат довербата на…

Уште една дезинформација за Бил Гејтс и ковид-19

Бил Гејтс не продавал вакцини, туку има донирано во севкупниот глобален обид да се возврати на пандемијата и сиромашните држави да добијат вакцини за да се намали смртноста. Веќе е познато дека Бил Гејтс е заговорник за вакцинација со оглед…

Објавата шири измислици дека 5Г кулите активираат болести кај вакцинираните луѓе

Наспроти изнесеното во оваа објава на Фејсбук, во ковид вакцините нема нешто што може да биде активирано од 5Г мрежата и да предизвика  болести во телото на вакцинираните. Ваквиот наратив е подготвен со цел креирање паника кај вакцинираните…

Не е вистина дека Бил Гејтс пушта комарци да не боцкаат со отрови и вируси

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс со години вложува ресурси во борбата против маларијата, вклучително и за развој на вакцини, сепак  Фондацијата Гејтс не финансирала никакви активности што вклучуваат ослободување од комарци во САД. Иако,…

Не е точно дека на повидок е нова пандемија на птичји грип

Двајца работници на фарма во Англија беа позитивни на птичјиот грип, но ниту еден здравствен претставник не посочил дека тоа претставува почеток на нова пандемија. Велика Британија не потврдила дека тоа е почеток на нова пандемија, ниту пак…

Неточно се тврди дека Бил Гејтс заговара глобална пандемија, затворска држава и геноцид

Наспроти изнесеното во постот дека Гејтс заговара геноцид, тој во колумната на Њујорк Тајмс предупредува на тоа дека е потребна подготвеност од страна на државите за што повеќе луѓе да се спасат во иднина доколку повторно се случи…

Патентот на Мајкрософт воопшто не се однесува на инјектирање микрочипови кај луѓето

Апликацијата за патент споменува технологија која дозволува активноста на луѓето да биде мониторирана во замена за криптовалути, но не се работи за имплантирање чипови. Овој патент уште не е одобрен. Во патентот воопшто не се споменува дека…

Говор на Бил Гејтс за намалување на емисиите на јаглероден диоксид изваден од контекст

Видеоматеријалот споделен во постот е изваден од контекст. Тука е злоупотребен настапот на Гејтс во 2010 година во „ТЕД Разговорите“ , каде тој зборува за чекорите неопходни за да се намали емисијата на јаглероден диоксид. Тој не кажува…

Изјави на Бил Гејтс извадени од контекст манипулативно се користат во антиваксерска кампања

Не е првпат Бил Гејтс и неговите настапи да се вадат од контекст, да се монтираат и да се злоупотребуваат за ширење на познатата теорија на заговор дека вакцинацијата е план за депопулација на светското население. Овие заблуди, што подолго…

Со монтирана фотографија се дезинформира дека Бил Гејтс бил осуден во Гвантанамо

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не е од Бил Гејтс, ниту пак, тој бил некогаш осуден во Гвантанамо. Оригиналната фотографија којашто е злоупотребена и фалсификувана во постот,  е извадена од еден видеоматеријал…

Бил Гејтс не предупредил на појавата на мајмунски сипаници

Милионерот навистина има зборувано за можноста тип на сипаници да се користат како биотерористичко оружје. Но, тоа никогаш не се однесувало на мајмунски сипаници, а нивната појава не значи дека е резултат на биотероризам. Нема ниту еден…

ПЦР тестовите не се отровни

ПЦР тестот е само обично пластично стапче со памук на врвот, со кое се собираат примероци од носот и грлото и потоа се обработуваат во лабораторија. Ниту содржи отрови, ниту, пак, со него се дава литиум, ниту, пак, некако се наштетува како…