Yearly Archives

2023

ХААРП не влијае врз климата

ХААРП не се злоупотребува за целите коишто се наведени во оваа објава на Фејсбук, за провоцирање временски катастрофи и уништување на Земјата. Тврдењето  дека ХААРП е контролиран од лаптоп е измислица на авторот и никаде не постојат такви…

Дневна доза патриотизам за бранителите од 2001 година и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ

Годинава, исто како и секоја година во август во изминатите над две децении, главните македонски партии на политичката сцена во земјава испукаа неколку комуникациски куршуми при одбележувањето на трагичните настани во месноста Карпалак и…

Не е точно дека Мајка Тереза ​​има ромско потекло

На социјалните мрежи се отвори дебата за потеклото на Мајка Тереза, при што дискусијата во коментарите има призвук на расистичка реторика и поттикнување омраза. Во постот се тврди дека Мајка Тереза ​​не е Албанка, но тоа не е точно.…

Со измислена, навредлива изјава на воената хунта на Нигер се „удира“ по Нуланд

Наводната цинична изјава за амбасадорката Викторија Нуланд, што се споделува во оваа објава на Фејсбук, е измислена. Ниту еден официјален, етаблиран, релевантен и кредибилен  медиум  нема пренесено ваква изјава од таканаречената…

Базаро не доделува подароци ако напишете коментар „честитки“

На  официјалната страница  на „Базаро“ не е објавена информација за некаква наградна игра каде со едноставен коментар „честитки“ се станува добитник на скапа награда. Станува збор за злоупотреба на брендот и името на „Базаро“, како и на…

Макрон не покажува масонски симбол, туку Ајфелова кула на знаковен јазик 

Протоколарно видео старо шест години, злоупотребено за ширење невистини дека францускиот претседател Емануел Макрон јавно покажувал масонски симбол. Видеото е снимено на 16 мај 2017 година, кога Макрон ги прими членовите на…

Путин не ја забранува 5Г мрежата и не ги уништува кулите

Со пребарување на Интернет не се наоѓа ниту еден кредибилен напис дека Путин ги забранил 5Г кулите, како што е наведено во објавата. Исто така, оваа вест не е потврдена од ниту еден официјален руски извор. Напротив, според информации…

Не е вистина дека на жителите на Слупчане им се простени долговите за струја

Оваа објава на Фејсбук шири невистини дека на жителите на Слупчане им се простени долговите за електрична енергија и дека 10 години нема да плаќаат струја. Напротив, тие треба да си ги платат сите долгови и ќе плаќаат за електрична енергија…

Не е точно дека сатанисти нè трујат преку дождот и дека временските неприлики се вештачки

Во објавата неточно се тврди дека временските неприлики се неприродни, вештачки креирани од некого. Вистината е дека климатските промени се реални и водени од човековата активност, за што постои консензус во научната јавност. Фотографијата…

Ова не е министерот за финансии на Нигер, туку поранешниот министер за правда

Не е точно дека на видеото се гледа министерот за финансии на Нигер како плаче, затоа што наводно му се заканува стрелање доколку не објасни каде завршиле парите на народот. Видеото е од 2021 година, на него е претставен поранешниот…

АНАЛИЗА: Отпис на камати – извршителите почнаа со пресметки, застарувањето на долговите направи хаос

Извршителите ги започнаа пресметките за наплата на затезна камата според новите усвоени законски решенија – се стопира наплатата каде износот на каматата го достигнал главниот долг. Но, во канцелариите на извршителите голем број на граѓани…

Промената на календарот на Украинската православна црква не е поврзана со нацизмот

Промената на календарот на Украинската православна црква, нема врска  со нацизмот, ниту пак, може да се влече паралела со нацистичката окупација на Украина во 1941 година, бидејќи во конкретниот случај Украина е нападната од Русија.…

Не е точно дека нивото на јаглерод диоксид е најниско во историјата

Наспроти тврдењето во постот, според интервладиниот панел за климатски промени, тело во рамките на Обединетите нации кое е формирано за да се занимава со науката поврзана со промените на климата, модерниот човек никогаш порано не видел…

Невремето во земјава не беше предизвикано од ХААРП

Во С. Македонија на 5 август 2023 година, кога е објавен постот, имаше невреме, ама на ниеден начин непредизвикано од ХААРП. Станува збор за еден од најпопуларните истражувачки проекти во кој се вклучени различни партнери, индустријата,…

Убивањето на свињите во Хрватска не е американска агенда, туку заштита од болест

Африканска чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи, кај сите старосни категории и предизвикува големи економски загуби. Наспроти изнесеното во постот дека САД има некаква врска со убивањето на свињите заразени со…

Мета факт: „Васко Карангелески“ – најкраткиот булевар со пробиени рокови и заборавени багери

Фото: Марјан Лазаревски, преземена со дозвола (30.07.2023) Иако на овој проект се работи и за истиот се сменија двајца градоначалници кои излегоа со различни проценки, оценуваме дека реконструкцијата и изградбата на потегот од булеварот…

Вработените во „Фајзер“ ги добиле истите вакцини со истиот состав, само од различна серија

Во постот наменски е прикажан само краток фрагмент - виедоматеријал од 20 секунди, со којшто се креира погрешна слика за вакцините. Од целосниот контекст на прашањето и одговорот кои може да се видат на оригиналното видео, јасно е дека…

Тренчевска никогаш не изјавила дека покачувањето од 78 отсто ѝ е малку

Министерката за труд и социјална политика јавно кажа дека лично не се согласува со толкаво големо зголемување на платите. Исто така, Тренчевска не изјавила дека зголемувањето на пензиите од 6 отсто им е доволно на пензионерите. Таа објави…