Рецензија: Денеска што правите, тоа ќе го правите цела година

Овaа рецензија е на предлог на наш читател. Тој/таа вели „Функција на новинарството е да промовира суеверије... НЕ!“. И, сосема е во право. Не само што не треба да се промовира суеверие, туку е и сосема неспојливо со православната…

Рецензии: Греењето изминатата годинава беше проблем за училиштата

Кризата што ја зафати земјава пред и за време на новогодишните празници поради неспремност на неколку фактори да одговорат и на не толку големиот предизвик во форма на прв снег и голомразица, неминовно стана вест број еден во…

Сивата зона на слободниот говор и црвените линии на професионалноста

Слободата на говорот и професионалните новинарски стандарди. Фото: George Oates, Free Speech Mural, Southside, Berkley, California, 2009 Сè почнува од следново: имам право да си кажам што мислам (и тоа секаде, а не само во колумна).…

Рецензија: Политика 2014: Победа за ВМРО-ДПМНЕ, бојкот од СДСМ

Со еден збор, несодржајна и необјективна искривена слика за настаните што ја одбележале минататa година. Еве зошто. Линк до оригиналниот напис: Политика 2014: Победа за ВМРО-ДПМНЕ, бојкот од СДСМ Датум и време на објавување:…

Рецензија: Градоначалникот Трајановски најангажирано во чистењето на снег низ улиците

Имаме текст-реклама и тоа не каква било, туку политичка. Пример за неоправдано воспевање на функционер за извршување на неговата работа за која го плаќаат граѓаните преку „маркентиншки“ напис. Наспроти фалбите за првиот…

Рецензија: Професорите бараа дебата, па избегаа

Овој текст не може да се каже дека е вистинит. Во него е злоупотребена една изјава, по која се подведува една цела неформална организација. Поради тоа, текстот нема намера да ја прикаже вистината во целост, туку има само една цел:…

Рецензија: Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“

Станува збор за пристрасен прилог во кој се воздигнува директорката на Клиниката за детски болести, која на 3 јануари попладнето била дежурна на линијата „Ало докторе“.  Нејзиниот ангажман за време на четиричасовното дежурство во…

Рецензија: Тунески ја кажа вистината за ЕСМ, но за Шекеринска тоа е „бонбона бизнис“

Ова е текст кој наликува на прераскажување детска кавга. Целиот напис е „тој ѝ рече, таа му рече“. Притоа, напишан е само за да постигне една цел - да ја омаловажи опозициската партија и Радмила Шекеринска како нејзин…

Рецензија: Куќата на Робевци-ремек дело од 19 век ќе биде обновена

Репортажата како новинарски жанр е најубавата новинарска форма во која настанот се прикажува низ приказната. Во некои репортажи, за одредени предели, личности, семејства, со години и децении фактите остануваат непроменливи и…

Враќање во минатото: Децата на комунизмот повторно владеат

Како некогаш - така и сега. Пропагандата треба да се храни: постојаната потрага по предавници, креирање листи на предавници, шпиони, надворешни и внатрешни непријатели, изроди... Фото: интернет Ако мислевме дека сме излегле од…

ТВ-дневник: Светот невидлив од паричките во божикните погачи на македонската елита

Вељаноски и Иванов: Кај кого се падна паричката - поважно од масакрот во Париз. Фото: Видеоклип скриншот, обработка СПФМ Скандалозен е односот на овој ТВ-дневник во однос на настанот што го потресе светот - убиството на…

Филувани коментари за спинуван напад

Пред нас имаме текст кој создава впечаток дека медиумот е виктимизиран со тоа што не добил информации од избрани професори кои ги именува за политичка асоцијација без конкретни докази за читателот. Имаме едностраност, неизбалансираност и…

Рецензија: ФОТО: Сите протести и напади врз Владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на…

Шпекулација. Неаргументираност. Отсуство на извори. Пристрасност. Ова не е новинарство. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Сите протести и напади врз Владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на Шеќеринска…

Рецензија: На Балканот дипломи се купуваат со крави, овци, ориз, дрва

Обид написите во некои германски весници да се претворат во „надворешна поддршка“ на војната што премиерот ја води со академската заедница, со студентите и со професорите. Во основа, се работи за трик на изместена перспектива, да…

Рецензија: Против државниот испит со препишани текстови финансирани од Сорос

Се остава впечаток дека се прави обид за дисквалификација на релевантно истражување на тема „Истражувања во општествените науки во Македонија“, спроведено многу пред власта да ја обзнани идејата за државен испит. Споменатиот…

Рецензија: И денес работат сите, освен професорите на СДСМ со нула научни трудови

Овој текст како да е излезен од практиката на некоја разузнувачка агенција. Толкава „посветеност“ на професори од најпрестижниот универзитет во земјава досега во македонските медиуми се нема случено. Дури написот и „гордо“ тврди…

Рецензија: Најгласните професори против државниот испит со нула објавени научни трудови

Станува збор за обид за дискредитација и за спинување на основната причина поради која академската заедница претставувана од „Студентски пленум“ и од „Професорски пленум“ се противи на измените на Законот за високо образование.…

Рецензија: ЧУДО ВО КРУШЕВО: Како мажот израдувал туѓа вдовица!

Еден виц, кој сигурно многумина го слушнале и го знаат, е претставен како новинарски текст. Она што е најинтересно и што сигурно привлекува читаност, е што дејството на овој виц e сместено во Крушево и тоа е ставено во насловот со…