Категорија...

Недоследно

ВМРО-ДПМНЕ: Санациски мерки на водоснабдителна мрежа

Ќе спроведеме санациски мерки на водоснабдителната мрежа во с. Долно Лакочереј, Охридско и ќе го довршиме водоснабдителниот систем во с. Мороишта, Струшко. Рок: почеток на активностите 2008;

ВМРО-ДПМНЕ: Подигнување и одржување на одбранбената способност

Ќе продолжиме со подигнување и одржување на одбранбената способност за да може Македонската армија да ја изврши својата уставна задача - одбрана на македонската државна територија, заштита на сувереноста и независноста.

ДУИ: Поголеми овластувања на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор

Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор ќе има поголеми овластувања за да ги санционира министерствата, агенциите и другите управни органи во случаите кога тие не ја спроведуваат уставната одредба за правична застапеност.

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемени девизни резерви

Девизните резерви и натаму ќе се зголемуваат како резултат на порастот на извозот и приливите од странски директни и портфолио-инвестиции, што ќе овозможи непречено да се одржува стабилноста на девизниот курс на денарот.